Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сточарите бараат реална откупна цена на јагнешкото месо
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сточарите бараат реална откупна цена на јагнешкото месо
Агровести

Сточарите бараат реална откупна цена на јагнешкото месо

Објавено 29/03/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сточарите од Брегалничкиот регион бараат реална откупна цена на јагнешкото месо. Сметаат дека цената од 180 до 190 денари за килограм жива мера не им е ниту исплатилива, ниту доволна за да преживеат. Наспроти ова во месарниците цената на јагнешко месо се продава по цена од над 540 денари за килограм. Сточарот Омер Бајрам од штипското село Лакавица е единствениот кој останал да чува овци. Посочува дека цената на храна е висока, има многу работа околу овците и јагнињата, а како што вели, на крајот речиси и ништо да не останува. Според него, реалната откупна цена на јагнето треба да биде околу 280 денари.

-Цената да ти кажам сега за сега е за никаде. 180 до 190 денари жива мера е, а во месарите е 500 до 600 денари во месарнциите. Ние не можеме со ваква цена да останеме, килограм концетрат е 30 денари, јачмен 21 до 22 денари, не сме благодарни од цената. Реалната цена треба да биде барем двојно, оти 100% се е поскапено, минимална треба да е 260 до 280 денари, вели Бајрам.

Иако има 400 грла овци, тој не произведува сирење и урда, бидејќи и тоа е неисплатлво, а ниска е и цената на млекото, која се откупува од нив,

-Од нас сточарите млекото го земаат евтино за 50 денари и тоа не е исплатливо. Не е исплатливо, ништо не правиме со него. Лани беше 40 денари, оваа година 50 денари овчо млеко. Едно кафе во кафич е 60-70 денари, а едно литро овчо млеко е 50 денари, вели Бајрам.

Забележува дека сточарите само се залажуваат пред празниците, кога цената се качува за одвај десет денари. Бајрам со сточарство се занимава од неговата 15 година

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:јагнешкосточари
Претходен напис Времето денеска променливо облачно и студено со северен ветер
Следен напис Утрово најстудено на Попова Шапка -10 степени, во Дојран и Гевгелија +4
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?