Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Производство и ставање во промет на месо од дивеч од страна на примарните производители и објектите од мал обем на производство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Производство и ставање во промет на месо од дивеч од страна на примарните производители и објектите од мал обем на производство
Сточарско производство

Производство и ставање во промет на месо од дивеч од страна на примарните производители и објектите од мал обем на производство

Последна измена: 06/03/2020 16:12
Сподели
9 мин. за читање
Сподели

Новиот Правилник за барањата и условите и хигиена за производство и ставање во промет на храна од животинско потекло наменета за директно снабдување, меѓу фармерите, попознат како Правилник за продажба од куќен праг почна да се применува од септември 2019 година.

Станува збор за многу важен подзаконски акт кој директно дава решение за продажба на производи од животинско потекло и има за цел олеснување на продажбата на производи од животинско потекло односно фармерите да можат директно да ги пласираат своите производи до крајниот потрошувач, но притоа мора да задоволат одредени хигиенски критериуми.

Еве кои услови треба да ги исполнат фармерите за да можат да продаваат од куќен праг:

Ставање во промет на месо од ситен дивеч

Директно снабдување на мали количини на месо од ситен дивеч може да се врши од страна на ловци кои го одстрелале дивечот под следните услови:

  • прегледот на отстреланиот дивеч се врши во објект за собирање и обработка на дивеч од страна на обучено лице на ловното друштво;
  • објектот е во сопственост на ловното друштво кое има договор за концесија на дивеч каде е извршен ловот;
  • објектот подлежи на регистрација од страна на Агенција за храна и ветеринарство;
  • труповите ситен дивеч за директно снабдување, треба да бидат прегледани единствено од страна на обучено лице.

Месото од одстреланиот дивеч доставено до крајниот потрошувач треба да биде пропратено со следните податоци:

  • број и име на ловиштето;
  • број и адреса на објектот;
  • име на доставувачот;
  • име и адреса на крајниот корисник;
  • датум на отстрел и датум на испорака;
  • видови на дивеч и количина на трупови/месо и број на лиценца на овластениот ветеринар кој извршил прегледот во случај на ставање на месото во промет во планскиот регион – локализирана активност

Доколку месото од ситен дивеч е наменето за ставање во промет како локализирана активност во планскиот регион, по првичниот преглед од страна на обученото лице, треба дополнително да се изврши преглед од страна на овластен ветеринар.

Услови кои треба да ги исполни објект за собирање на дивеч:

  • објектот треба да е регистриран од страна на Агенцијата;
  • операциите на обработка на труповите може да се вршат во една просторија со преземање на  соодветни  хигиенски  мерки  со цел да  се  оневозможи контаминација на месото;
  • да има обезбедени гардеробери и санитарен простор за персоналот кој може да се во непосредна близина;
  • другата обработка на труповите се врши од страна на крајниот корисник со исклучок на евисцерација;
  • треба да се обезбеди ладење на труповите за да се постигне температура од најмногу +4 °C во просторија соодветно голема за да сеспречи натрупување на труповите (ладење не е непходно во соодветни климатски услови со постигнување на наведената температура во месото);
  • треба да се обезбеди припадност на органите на одреден труп поради следливост;
  • треба да се обезбеди ладна и топла вода од најмалку 82 °C;

Во работата на објектот за собирање на дивеч се применуваат правилата за добра производствена и добра хигиенска пракса.

Ставање во промет на месо од крупен дивеч

Во планскиот регион

Месото од крупен дивеч добиено од објектите за прифаќање и обработка на дивеч се става во промет во планскиот регион и треба да се достави на крајниот потрошувач во рок од 24 часа.

Добиеното месо се доставува на крајниот потрошувач како половинки, четвртинки или половинки расечени најмногу на три дела, непакувано во чисти садови.

На територијата на цела држава

Месото од одстрелан дивеч може да се стави во промет на целата територија доколку:

  • труповите отстрелан дивеч се доставени во одобрена кланица, која е посебно одобрена и за ракување со дивеч или во одобрен објект за ракување со дивеч или до мобилна кланица, директно од собирниот центар за дивеч, за понатамошна обработка;
  • отстреланиот дивеч првично е прегледан од страна на обучено лице од ловиштето и дополнителен постмортален преглед е извршен во одобрената кланица или во одобрениот објект за ракување со дивеч или во мобилна кланица, од страна на официјалне ветеринар од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Објектот за прифаќање и обработка на отстреланиот  крупен дивеч покрај условите наведени во барањата  за ситен дивеч, потребно е да ги исполнува и следните услови:

  • да е регистриран од страна на Агенцијата;
  • да има просторија под термички режим до +70 °C за прифаќање на труповите;
  • активностите кои се спроведуват –  симнување на кожата, евисцерација, празнење  и  чистење  на  желудници  и  црева може да се одвиваат во една просторија но временски одвоено;
  • обезбедени се инсталации кои онeвозможуваат контакт помеѓу месото и подовите, ѕидовите и фиксната опрема;
  • има просторија под термички режим до +70Ц за добиеното месо доколку не се користи просторија за прифаќање на труповите, но по временско разграничување и спроведени мерки на чистење и дезинфекција;
  • да има соодветна  опрема  за  безбедно  отстранување на специфично  ризичниот  материјал  и  нуспроизводите  од  животинско  потекло  и  одделна  просторија  за  привремено  складирање  на  специфично  ризичен материјал  и  нуспроизводи  од  животинско  потекло,  наменети  за  отстранување  од  објектот во согласност со Законот за нуспроизводи од животинско потекло; и
  • отстреланиот дивеч, по првичниот преглед од  страна на обучено лице од ловиштето се прегледува од страна на овластен ветеринар.

Потребна документација за регистрација на операторите со храна

  • Барање за регистрација на објект и оператор со храна за примарно производство и преработка на примарни производи од животинско потеклоод животинско потекло;
  • Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија или копија од лична карта за физички лица;
  • Доказ за сопственост (имотен лист) или договор за закуп на објектот/концесија;
  • Легитимација за регистарски број на одгледувалиште (РБО);
  • Последен попис од одгледувалиште за овци/кози, пчели и свињи;
  • Листа на моментални животни од видот говеда;
  • Договор склучен со ветеринарно друштво за вршење на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните;
  • Уверение за здравствен статус на животните за производство на сурово млеко (во однос на бруцелоза и туберкулоза);
  • Потврда за соодветно уплатени административни такси.

Потребна документација за одобрување на операторите со храна

  • Барање за одобрување на оператор со храна и објект за производство, обработка и манипулација со храна од животинско потекло;
  • Доказ за сопственост на објектот (имотен лист) или договор за закуп на деловниот објект;
  • Тековна состојба од Централен регистар на Република Северна Македонија;
  • Доказ за одобрен елаборат за заштита на животната средина (одобрување од страна на Министерство за животна средина);
  • Oпис на објектот со шема на сите работни простории со технички опис на опремата и технолошките патишта на производството во размер 1 :100 односно 1:50;
  • Техничко технолошки елаборат;
  • Потврда за уплатена административна такса и потврда за уплатена висина на надоместок.

Може да ви се допадне

„Месото треба да е од 330 до 360 денари“ – откупните цени на храната мизерни, во продавница астрономски
(ВИДЕО) Илиевски : Задоволни сме од производството, со напорна и сложна работа, успехот е загарантиран!
Министерство за земјоделство на Србија: Зголемен надзор над прометот на храна од животинско потекло
Советник на Трамп: Британците ќе обожаваат хлорирано пилешко и говедско месо со хормони
Универзална маринада за сите видови месо! Совршена за ребра и пилешки крилца
Таг:водичдивечкуќен прагмесоправилник
Претходен напис Исплатени субвенциите за заклани несилки во регистриран кланичен капацитет
Следен напис Драги жени, Среќен Осми март!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?