Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стапува во сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените на околу 2.500 производи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Стапува во сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените на околу 2.500 производи
Агровести

Стапува во сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените на околу 2.500 производи

Објавено 28/09/2024
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Стапи во сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи кој дополнително треба да ги намали цените на производите и треба трајно да стави ред во трговијата. Со него се опфатени близу 2.500 производи на кои профитната маржа им е ограничена до 10 отсто, поради што се очекува за 10 отсто да ги намали нивните цени. 

Со Законот, покрај ограничен рабат, трговците нема да смеат да наплаќаат дополнителни трошоци за маркетинг, репрезентација, како и за истакнување одреден производ на полица.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши нагласува дека овој закон не ја регулира трговската маржа, туку ги забранува дополнителните трошоци (надоместоци) кои добавувачите морале да ги плаќаат за нивните производи да се продаваат од купувачите.

Министерството за економија и труд денеска објави пет јавни повици согласно Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија за 2024 година, за што ка

– Со примена на овој закон очекуваме резултати на долг рок и намалување на цените на овие производи на листата од најмногу 10%, односно првите резултати со намалени цени ги очекуваме до крајот на октомври кога очекуваме дека ќе се потрошат залихите од претходните договори и ќе почнат да се продаваат производите согласно новите договори. Законот е донесен на 20 март 2024 година и трговците и добавувачите имаа рок од шест месеци да ги усогласат договорите, односно да склучат нови договори, не подоцна од 27 септември. Тоа значи дека од денеска почнува и ефективната примена на овој Закон, вели Дурмиши.

Надлежен орган за контролира на примената на Законот е Комисијата за заштита на конкуренцијата, која ја контролира примената на одредбите од овој закон и поведува прекршочна постапка доколку се прекрши било која мандаторна одредба од Законот.

Прекршочна постапка се поведува по службена должност или по барање на физичко или правно лице кое има легитимен интерес за утврдување на постоење прекршок и мора да заврши во рок од три месеци. Решенијата за сторен прекршок се објавуваат на веб страницата на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Во зависност од тежината и значењето на прекршувањето Законот предвидува казни за најтежок прекршок и полесни прекршоци.

Највисокиот износ на казна за најтежок прекршок може да изнесува до 20.000 евра за голем трговец и од 350 до 500 евра за одговорното лице во правното лице кој е голем трговец. Казните за полесни прекршоци зависат од тоа дали прекршокот го сторил правно или физичко лице. Највисокиот износ на казната за полесен прекршок што може да се изрече во постапка е 5.000 до 6.000 евра за голем трговец и 350 до 500 евра за одговорното лице во правното лице кој е голем трговец.

Решенијата на Комисијата за заштита на конкуренцијата се конечни. Против нив може да се поднесе тужба за поведување на управен спор пред надлежен суд. Тужбата за поведување на управен спор се поднесува во рок од 30 дена од денот на приемот на решението и не го одлага извршувањето на решението.

Владата доцна синоќа донесе Одлука за замрзнување на цените на основните продукти: леб, сол, зејтин, млеко и млечни производи, јајца, брашно, месо, тестенини, лекови и дезинфекциски средства

Министерот Дурмиши, сепак, посочува дека во наредните три месеци, доколку се утврди дека при склучување на новите договори не се испочитувани одредбите на Законот, ќе има опомени, односно нема да се преоѓа веднаш на казнување. До крајот на 2024 година, ќе се соработува со компаниите за да утврди дали се правилно склучени договорите односно дали се опфатени соодветно одредбите од законот.

Во меѓувреме, проодлжува да се применува и владината одлука за ограничување на маржата на 10% во трговија на големо и трговија на мало на 73 основни прехранбени производи, со цел се заштат граѓаните од ценовни шокови додека да почнат да се чуствуваат првите резултати од Законот за нефер трговски практики.

МИА

Може да ви се допадне

Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
МЕФ 2026 втор ден: Интеграцијата во енергетскиот пазар претставува важен дел од процесот на европска интеграција, земја која не е доволно поврзана со регионот е поранлива
Во целост исплатена еврообврзницата издадена во 2020 година во вкупен износ од 700 милиони евра
Таг:Законотнамалувањенефер трговски практикисилацените
Претходен напис Сончево и топло до 33 степени, од утре заладување и дожд
Следен напис Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е пуштен за сообраќај
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?