Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Станкоски: Прилепскиот комбинат е подготвен за откуп, се зависи од потпишувањето на договорите со кооперантите на „Далија табак”
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Станкоски: Прилепскиот комбинат е подготвен за откуп, се зависи од потпишувањето на договорите со кооперантите на „Далија табак”
Агровести

Станкоски: Прилепскиот комбинат е подготвен за откуп, се зависи од потпишувањето на договорите со кооперантите на „Далија табак”

Објавено 22/01/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Прилепскиот тутунски комбинат упатува отворен повик до кооперантите на компанијата „Далија табак” што побрзо да ги потпишат договорите за преземање на тутунот преку Комбинатот.

Според Кире Станкоски, генерален директор на Прилепскиот тутунски комбинат, колку побрзо кооперантите се пријават да го потпишат договорот со Комбинатот, толку побрзо ќе им се преземе родот.

– Упатувам апел кооперантите на „Далија табак” што побрзо да го потпишат договорот со Прилепскиот тутунски комбинат за да може да почне преземањето на тутунот, изјави Станкоски.

Комбинатот по регулирањето на документацијата веднаш е подготвен да откупи околу 440 тони тутун од кооперантите на „Далија табак”, фирма која не обезбеди банкарска гаранција дека ќе ги плати количествата тутун од кооперантите.  Колку побрзо тутунарите ги потпишат договорите, толку побрзо ќе се откупат количествата тутун.

-Ние сме отворени од утре, сабота, а ако не се потпишат договорите, и од понеделник, да ги преземеме количествата тутун. Тоа е договорено преку Министерството за земјоделство, значи се зависи од повторното потпишување на договорите со кооперантите, за да може да ги остварат правата на субвенции, објасни Станкоски.

Прилепскиот комбинат има пет пунктови во Радовишко и Источниот регион и е подготвен покрај договорните, да ги преземе количествата тутун од кооперантите од „Далија табак”, но се зависи од потпишувањето на кооперантите со Комбинатот. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:„Далија табак”кооперантиоткуптутунски комбинат
Претходен напис Тутунарите интензивно ги пријавуваат вишоците, се бара откуп и во сабота
Следен напис Програмата за Рурален развој 2021 одлична: Пари за млади земјоделци, рурална жена, механизација, 10 000 за нов агробизнис…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?