Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Станкоски од ДИЗ: Преку камери ќе се контролира и санкционира палењето на стрништа во земјава
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Станкоски од ДИЗ: Преку камери ќе се контролира и санкционира палењето на стрништа во земјава
Агровести

Станкоски од ДИЗ: Преку камери ќе се контролира и санкционира палењето на стрништа во земјава

Објавено 24/11/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со помош на камери поставени на антените на телекомуникациски оператор на 10 локации во земјава, Државниот инспекторат за земјоделство ќе го контролира и санкционира палањето стрништва во земјава.

Проектот кој стартува деновиве како пилот проект, го најави Јане Станкоски, директор на инспекторатот.

– Склучивме договор со кој што на 10 локации во нашата држава на антените на операторот имаме камери со зум од 10 километри, со кои што можеме да ги видиме и да ги санкционираме земјоделците кои што ги палат своите стрништа. Овие камери се сензитивни на чад и нашите инспектори преку порака на СМС или е-mail се алармираат дека на тие локации каде што е камерата поставена има пожар. Потоа заедно со  службите на противпожарната и полицијата одиме на лице место и ги пронаоѓаме сторителите или реагираме да се спречи пожарот и да нема поголеми проблеми –  објаснува Станкоски.

Палењето на стрништа е сериозен проблем во земјава и само од почетокот на годината до сега се направени 114 записници за ова казнено дело, но откриени се само четири сторители. Токму камерите со голем зум ќе помогнат не само во навременото откривање и спречување на пожарите, туку и во санкционирање на сторителите и нивно казнување.

– Ова е проблем особено во Кочанскиот регион, во Пелагонискиот регион и во Тетовското поле каде има житни култури. Нашите земјоделци имаат некоја традиција и мислат дека ако го запалат стрништето, полесно ќе го обработуваат понатаму. Тоа е грешка и ние се обидуваме да ги едуцираме – вели Станкоски.

Се работи за пилот проект со кој од Инспекторатот се надеваат дека од наредната година ќе биде опфатена целата држава.

– Ова е една модерна технологија која што сигурно ќе придонесе како за нас, така и за противпожарната служба и за службата за интервенции. Ова е нешто што го има секаде ва светот и ние се приклучуваме на таа модерна технологија – вели Станкоски.

Извор: 24info.mk

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ДИЗкамериконтролирапалењетосанкционираСтанкоскистрништа
Претходен напис Врнежите полека ги полнат хидроакумулациите во Струмичко
Следен напис Бачовски: За 10 дена ќе има исплата на субвенции за млеко
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?