Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Среде Скопје Атиџе се онесвестила од глад
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Среде Скопје Атиџе се онесвестила од глад
Агровести

Среде Скопје Атиџе се онесвестила од глад

Објавено 24/09/2020
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откако денеска популарната Атиџе од „Медена земја“ беше гостинка на отворањето на фестивалот „Денови на македонскиот мед 2020“, таа се онесвестила, како што вели за ММС, од глад. Не можела да јаде затоа што деновиве многу се нервирала, а веднаш по нејзиното онесвестување, била повикана екипа на Брза помош.

Не почувствувала ништо, наеднаш ѝ се свртело, а од падот се повредила малку на главата.

Во моментот, како што вели, е кај пријател на гости и се чувствува добро.

Таа се заблагодари на сите што ѝ помогнале, и на лекарите и на министерот за земјоделство, пишува ММС.

Фестивалот се одржува на улица „Македонија“, а Атиџе, која скромно дојде на отворањето, побуди голем интерес кај присутните.

Организатор на настанот е пчеларското здружение „Матица“, а свое обраќање имаа Венче Билбиловски – претседател на пчеларското здружение, министерот за земјоделие Арјанит Хоџа и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

Може да ви се допадне

ОД ШТАЛА ДО РУРАЛЕН ТУРИЗАМ: Како словенечката фарма „Фирбас“ стана европски хит
Европски модел кој инспирира: Како задругата „Мелинда“ во Италија ги спаси семејните фарми
Лекција од соседите: Како српските пчелари САМИ ГО РЕШИЈА ПРОБЛЕМОТ СО ПЛАСМАНОТ на медот
Крадци во Италија украле 30.000 шишиња вино вредни пет милиони евра, луѓето плачеле во винаријата
Предлог: До 50.000 евра за предавање на фарма на млад земјоделец
Таг:Атиџе МуратоваДенови на македонскиот мед 2020“Медена земја
Претходен напис Како да одгледувате печурки на талог од кафе?
Следен напис Манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ годинава во скратено издание
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?