Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Средба Николовски – Суџубаши: Халкбанка со донација на 1 милион садници во наредните пет години, дава поддршка во зголемување на шумскиот фонд
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Средба Николовски – Суџубаши: Халкбанка со донација на 1 милион садници во наредните пет години, дава поддршка во зголемување на шумскиот фонд
Агровести

Средба Николовски – Суџубаши: Халкбанка со донација на 1 милион садници во наредните пет години, дава поддршка во зголемување на шумскиот фонд

Објавено 23/11/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски оствари средба со генералниот директор на Халкбанка АД Скопје, Билал Суџубаши.

Халкбанка има убава иницијатива која предвидува заедно со министерството и ЈП Национални шуми реализирање на голема петгодишна донација во садници за пошумување, која како вкупна бројка треба да достигне до 1 милион садници.

Министерот Николовски, на средбата, изрази благодарност до Халкбанка за иницијативата со која сакаат да допринесат во развој на македонските шуми.

„Се повеќе општествено одговорни компании и здруженија на граѓани се приклучуваат кон акциите за пошумување организирани од министерството. Дополнително изминативе години, повеќе општествено одговорни компании, преку свои иницијативи за пошумување допринесуваат во збогатување на шумскиот фонд во државата. Токму во таа насока е и оваа убава иницијатива од страна на Халкбанка, за која лично јас и министерството даваме безрезервна поддршка во нејзина реализација“, истакна на средбата министерот Николовски.

Оваа година како министерство ја спроведуваме најголемата акција за пошумување АЈДЕ ДА ПОШУМУВАМЕ ЗАЕДНО, во која е предвидено засадување на 1.200.000 садници во 19 региони во државава на 36 различни локации.

Зелената транзиција, за нас како министерство, е еден од петте важни приоритети во работа на министерството, а токму пошумувањето една од нашите цели за успешно реализирање на зелените принципи. Да им оставиме на идните генерации чиста, зелена и европска држава.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Претходен напис Договори од повикот за предлог-активности за Акцискиот план на Националната рурална мрежа 
Следен напис Облачно со појава на магла и со слаб ветер од јужен правец
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?