Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Средба Николовски – Оздемир во Берлин: Обединети во изнаоѓање на нови можности за полесно надминување на кризата со храна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Средба Николовски – Оздемир во Берлин: Обединети во изнаоѓање на нови можности за полесно надминување на кризата со храна
Агровести

Средба Николовски – Оздемир во Берлин: Обединети во изнаоѓање на нови можности за полесно надминување на кризата со храна

Објавено 24/06/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски одржа работна мултилаерална средба со сојузниот министер за земјоделство и храна на Германија, Џем Оздемир, во рамки на министерстката конференција Global Alliance for Food Security која се одржува денеска во Берлин.

На состанокот министрите разговараа за заеднички да се креираат одлуките за сите предизвици, да креираме мерки и политики кои ќе му помогнат на земјоделскиот сектор. Министрите разговараа и за продолжување на поддршката и релизацијата на капиталните инвестиции кои се финансирани од KfW.

Војната во Украина предизвика сериозен удар во економиите на државите, проблеми и крза со храна и големо нарушување на цените. Земјоделството е токму еден од најпогодените сектори, преку поскапувањето на основните суровини за производство. Во овие услови на светска криза земјите меѓусебно треба да соработуваат споделувајќи искуства и креирање на заеднички политики за полесно справување со последиците од кризата.

Министерот Николовски на средбата го информира грманскиот сојузен министер за земјоделство и храна Оздемир за мерките кои Владата на Република Северна Македонија ги подготви за поддршка на земјоделците.

“Заедно со земјоделците и стучната јавност, како министерство, подготвивме Национален план за производство на храна чија цел е стабилизирање и зголемување на домашното производство на храна, пред се на стратешките култури. Подготвивме и Инфервентен фонд за поддршка на земјоделците, за што сме прва земја во регионот со ваква мерка, преку кои им помагаме на земјоделците во производството при набавка на ѓубриво, но и даваме поддршка за зголемен принос на стратешки култури. Поддршката за секој еден земјоделец која ја даваме во овие услови на криза им дава сигурност и интересот кај нив за мерките од Интервентниот фонд е голем“ истакна министерот Николовски.

Министерот Љупчо Николовски на средбата истакна дека очекува од оваа министерска конференција да произлезат многу нови можности за полесно надминување на оваа сериозна светска криза.

Преку иницијативата Отворен Балкан се зајакна соработката меѓу земјите од Западен Балкан, инфомираше на средбата министерот Николовски. Првичните трилатерални договори меѓу Северна Македонија, Србија и Албанија го олеснија увозот и извозот на стоки меѓу земјите од Западен Балкан, отоврајќи слободен пазар за труд и услуги.

“Постигнат е голем напредок благодарение на нашите заеднички заложби, политички и експертски, ги решаваме успешно отворените прашања креирајќи слободен пазар за полесно движење на стоки и услуги меѓуи земјите од Западен Балкан. На овој начин, на долг рок, обезбедуваме сигурна иднина и достоинствен живот на сите граѓани во Западен Балкан. Затоа иницијативата Отворен Балкан полека ги дава очекуваните цели, тоа го говори и фактот што расте интересот на другите земји од Западен Балкан за приклучување кон оваа иницијатива со Црна Гора и Босна и Херцеговина“ истакна министерот Николовски.

Договорот за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храната и добиточната храна и фитосанитарноста на Западен Балкан е особено важен за напредокот на Иницијативата за отворен Балкан, преку зелените коридори на граничните премини, заемното признавање на сертификатите и заемното признавање на фитосанитарните сертификати.

Учество на мултилаералната средба имаа министерката за земјоделство и рурален развој на Албанија, Фрида Крифца и министерот за земјоделство и рурален развој на Косово, Фатон Пеци.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:берлинНиколовскиОздемир
Претходен напис ЈАВЕН ОГЛАС бр.02/22 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари во Берово, Виница, Гевгелија, Дебар, Делчево, Кочани, Неготино, Свети Николе, Радовиш и Штип
Следен напис Околу 150 барања пристигнале до Комисијата за проценка на штети во Општина Босилово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?