Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Средба на министерот Муртезани со амбасадорот на ОК, Лосон
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Средба на министерот Муртезани со амбасадорот на ОК, Лосон
Агровести

Средба на министерот Муртезани со амбасадорот на ОК, Лосон

Објавено 15/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, оствари протоколарна средба со амбасадорот на Обединетото Кралство во Северна Македонија, Метју Лосон, на која беше реафирмирано цврстото партнерство меѓу двете земји, со фокус на тековната и идна соработка во клучните развојни области.

Министерот Муртезани изрази благодарност за конзистентната политичка, економска и развојна поддршка од страна на Обединетото Кралство низ годините. Тој истакна дека соработката со Обединетото Кралство е клучна за зајакнување на капацитетите на земјата во критичните области, работејќи заедно со меѓународните и локалните партнери за да се осигура дека овие проекти се усогласени со стратешките приоритети на двете земји.

Министерот Муртезани и амбасадорот Лосон разговараа за долгогодишното успешно партнерство, вклучувајќи ја и поддршката за изработката на Националната развојна стратегија на Северна Македонија и напорите за подобрување на процесите во јавното управување. Соговорниците ја разгледаа успешната имплементација на проектите поддржани од Обединетото Кралство, особено во полициските реформи, правосудството, транспарентноста и отчетноста во работењето на институциите како и промовирањето на принципите на еднаквост во општеството.

Тие ја потенцираа важноста од координацијата на донаторите, подвлекувајќи го долгогодишното британско искуство во развојната соработка како значајна компонента при усогласувањето на стратешките цели во напорите на земјата за одржување на стабилноста и безбедноста, доброто владеење и промовирање на различноста и мултикултурализмот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:евроамбасадоротЛосонМуртезанисредба
Претходен напис Земјотрес почувствуван во Богданци и околината
Следен напис РКЕ: Од јануари до јули издадени лиценци за производство на струја од обновливи извори со инсталирана моќност од 179,72 мегавати
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?