Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Средба на министерот Муцунски со претставници на Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО)
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Средба на министерот Муцунски со претставници на Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО)
Агровести

Средба на министерот Муцунски со претставници на Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО)

Последна измена: 07/08/2024 13:13
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска остварил средба со претставници на Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО), односно со претседателот на Комората, Aјдован Адемоски, и со заменик-претседателите Марија Томеска и Есер Џевахир.

Како што информира МНР, на средбата била потврдена „одличната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Турција во бизнисот и економијата со надеж дека таа ќе продолжи и во следниот период, а активностите ќе бидат насочени кон понатамошно мотивирање на нови странски компании кои ќе инвестираат во Република Северна Македонија“.

-На средбата од страна на министерот Муцунски беа претставени преземените надлежности и одговорности на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во делот на странските инвестиции, нагласувајќи дека министерството во иднина ќе претставува вистински сервис на компаниите кои ќе одлучат да инвестираат во државата. Имајќи го предвид посточекиот договор за слободна трговија, двете страна го потврдија значење на трговската соработка помеѓу двете земји и притоа ја нагласија важноста која истата ја има за двете економии, соопшти МНР. 

Претставниците на стопанската комора истакнале дека МАТТО претставува сервис на турските инвестиции во нашата држава.

-Притоа од нивна страна беа презентирани активностите кои се планирани во следниот период, како и можноста за организација и посета на бизнис-форуми каде ќе бидат претставени можностите за инвестирање во Северна Македонија, наведува Министерството во соопштението. 

Може да ви се допадне

Дурмиши: Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи
Во Демир Хисар се одржа Саем за пчеларство и пчелни производи
„Од нива до трпеза – сè од нашата општина“, промоција на македонски производи во Скопје
Мицкоски: Поддршка за земјоделството, да купуваме македонски производи
Во првиот квартал 5.717 купопродажби и 2.327 закупи на недвижности, запишани 2.596 хипотеки
Таг:МАТТОМуцунскиСредбаСтопанската комора
Претходен напис Трипуновски: Инспекторот ќе биде коректив и ќе следи дали откупот на винско грозје се одвива согласно прописите и договореното
Следен напис Република Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?