Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Средба Деспотовски Холштајн – презентиран новиот концепт на поттикнување на инвестиции
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Средба Деспотовски Холштајн – презентиран новиот концепт на поттикнување на инвестиции
Агровести

Средба Деспотовски Холштајн – презентиран новиот концепт на поттикнување на инвестиции

Објавено 27/08/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Дирекцијата за технолошко индустриските развојни зони, Јован Деспотовски и Амбасадорката на Сојузна Република Германија во С. Македонија H.E. Анке Холштајн остварија средба на која се разговараше за постојните и новите инвестиции од СР Германија, а во контекст и на новиот концепт на работа на ТИРЗ.

Како што беше презентирано на средбата, Владата и Дирекцијата за ТИРЗ ги препознаваат потребите на инвеститорите за предвидлива деловна клима, пристап до квалитетна инфраструктура и ефикасни јавни услуги. Поддршката што Дирекцијата за ТИРЗ ја развива во овој контекст, како и новововедениот пристап на индивидуализиран пакет на поддршка веќе носат резултати. Од почетокот на годината веќе реализираат или во завршна фаза на подготовка се инвестиции во износ од над 120 милиони евра, со вкупно близу 2.000 нови работни места.

Амбасадорката Холштајн изрази задоволство дека Германија и компаниите кои инвестираат во земјава се пример за добри пракси во работењето и најави дека ќе продолжи да работи на зголемување на економското присуство во регионот.

На средбата беше презентиран и за статусот на преговорите со неколку поголеми германски компании, од кои дел се нови инвеститори, за реализација на нови вложувања во следните 2 – 3 години. Дополнително, беше разговарано и за новите иницијативи на Дирекцијата за ТИРЗ во делот на развојот на човечкиот капитал, што е од особено значење за инвеститорите. Деспотовски информираше и за подготовките за нов циклус на активности за поттикнување на инвестиции, со фокус на Западна Европа, САД, како и источна Азија.

Само во ТИР зоните досега има седум германски компании со вкупен обем на реализирани и планирани инвестиции од над 150 милиони евра, со повеќе од 4.600 работни места. Овие бројки се очекува значително да се зголемат во следните неколку години.

ТИРЗ

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:деспотовскиТИРЗ
Претходен напис Бочварски: Капиталните инвестиции растат, се очекува 80 проценти реализација
Следен напис За викендот умерено облачно со повремен дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?