Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Средба Бислимоски – Узунчев, тема непречен старт на грејната сезона
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Средба Бислимоски – Узунчев, тема непречен старт на грејната сезона
Агровести

Средба Бислимоски – Узунчев, тема непречен старт на грејната сезона

Објавено 11/09/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Непречен старт на новата грејна сезона беше една од темите во фокус на средбата помеѓу претседателот на РКЕ Марко Бислимоски и новоназначениот генерален директор на ЕСМ Лазо Узунчев. 

Како што информираат од РКЕ, во присуство на нејзините членови и дел од раководството на ЕСМ се разговарало за активностите на кои компанијата ќе се посвети за да се обезбеди сигурна, стабилна и непречена испорака на топлинска енергија.

-Набавка на природен гас е клучен елемент во регулаторната одлука за цена на парно посочи претседателот Бислимоски, за што директорот Узунчев информираше дека конкурентноста ќе биде приоритет со цел да се обезбеди цена на овој енергенс, која ќе резултира со намалени трошоци за производство на топлинска енергија. Во исто време се разговараше и за цевководот под мостот Беласица да се стави во функција за што се преземаат соодветни чекори и во иднина новиот топловод и просторот ќе се обезбедат соодветно за се намали ризикот од повторување на случајот со опожарување на цевките, се вели во соопштението РКЕ. 

Во однос на состојбата со електрична енергија директорот Узунчев најавил дека ќе спроведе серија активности со кои ќе се оптимизираат трошоците на работа, а во исто време ќе се фокусираат кон зголемување на производството на електрична енергија. 

Претседателот Бислимоски предложил да се направи анализа за концептот откуп на домашно произведената струја од новите производителни на електрична енергија од фотоволтаични централи во транспарентна постапка, со цел да се добие поевтина цена на струја, и да се заштедат акумулациите.

ОдцРКЕ велат дека грејната сезона вообичаено започнува на 15 октомври, но не пред 1 октомври доколку средната надворешна прогнозирани температура е еднаква или пониска од 12 степени целзиусови. 

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:бислимоскигрејната сезонанепречен стартУзунчев
Претходен напис До петок ќе биде изготвена есенската потрошувачка кошница, се прават симулации за ограничување на цените или маржите
Следен напис Миланов во Будимпешта, учесник на состанокот на главните ветеринарни офицери на ЕУ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?