Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Србија од утре го прекинува извозот на пченица, брашно, пченка и масло
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Србија од утре го прекинува извозот на пченица, брашно, пченка и масло
Агровести

Србија од утре го прекинува извозот на пченица, брашно, пченка и масло

Објавено 09/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вчера изјави дека државата од четврток, 10 март, ќе го прекине извозот на пченица, брашно, пченка и масло.

„Во претходните два дена извозот на пченица и брашно толку скокна што мораме да го забраниме“, рече Вучиќ.

Тој, исто така, изјави дека државата ќе субвенционира гориво за земјоделците.

„Субвенционираме за нив цената на евродизелот на сите бензински пумпи на Нафтената индустрија на Србија најмалку месец и половина да остане 179 динари. За сите останати ќе има минимални зголемувања за да се обезбеди снабдувањето“, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека државата ќе се откаже од 20 отсто од акцизата за да се стабилизира цената на горивото, а во март ќе треба да обезбеди дополнителни 150 милиони евра за Електроиндустријата на Србија и Србијагас поради недостиг на јаглен и гас.

Вучиќ нагласи дека Србија ја чека одлуката на Европската унија (ЕУ) за увоз на енергенси од Русија, откако таа беше забранета од САД поради рускиот воен напад врз Украина, кој започна на 24 февруари.

„Ако одлуката е да се забрани увозот на сите извори на енергија од Русија, тогаш и ние сме во неволја. Немаме од каде да ги добиеме, нафтата и гасот не можат да паѓаат од небо“, изјави Вучиќ за ТВ Б92.

Може да ви се допадне

Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Таг:нафтапченицасрбија
Претходен напис Регулаторна со измени на правилникот – цените ќе се зголемуваат според берзанските
Следен напис Владата: Формирана е Советодавна комисија за интервенции во снабдувањето на пазарот со сурова нафта и нафтени деривати
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?