Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Србија: Министерството воведува ред на пазарот за млеко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Србија: Министерството воведува ред на пазарот за млеко
Агровести

Србија: Министерството воведува ред на пазарот за млеко

Објавено 29/04/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржа средба со претставници на најважните млекарници во Србија. На состанокот присуствуваа претставници од следните компании: Млекара Имлек, Млекара Уб, Сомболед, Шабац, МЕГГЛЕ, Млекара Лазар и МЛЕК ХУЗ.

Обраќајќи им се на претставниците на овој значаен сектор, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, проф. д-р Драган Гламочиќ истакна дека целта на средбата е што поскоро да се изгради посилно партнерство меѓу Министерството, производителите и преработувачите, со цел систематско подобрување на млечниот сектор и зајакнување на неговата отпорност на предизвиците на домашниот и на странскиот пазар.

Министерот посочи дека состојбите во млечниот сектор се последица на низа проблеми кои го зафаќаат целиот земјоделски сектор и дека е потребно трајно и организирано да се работи на нивно решавање. Тој особено нагласи дека Министерството работи на создавање единствена платформа за комуникација меѓу сите засегнати страни, што ќе овозможи побрз и поефикасен одговор на сите предизвици.

На средбата беше констатирано дека има сериозни проблеми со вишокот млеко, како и со квалитетот поради појавата на афлатоксин, што влијаеше на можноста за извоз. Беше посочено дека во наредниот период ќе се преземат мерки за подобрување на квалитетот преку навремени третмани во растителното производство, при што значајна улога ќе има употребата на дронови за третирање на пченката со фунгициди. Министерството ќе обезбеди стимулации и заеми за набавка на дронови.

Во однос на информациите дека некои млекарници го прекинале откупот, на состанокот било утврдено дека проблемите со откупот брзо ќе се решат. Министерот Гламочиќ истакна дека заштитата на домашното производство на млеко и млечни производи е апсолутен приоритет. Со оглед на тоа што млекарниците се оптоварени со историски залихи поради зголемениот увоз, зголеменото производство и намалената потрошувачка, Министерството престана да издава дозволи за увоз на млеко, млечни производи, како и производи на база на палмино масло кои го заменуваат млекото. Регулативата со која ќе се дефинира јасна декларација за производите што содржат палмино масло ќе стапи на сила од следниот месец.

Министерството најави измени на Законот за земјоделство со кои ќе се пропишат задолжителни рокови за плаќање на лесно расипливите производи, со што дополнително ќе се заштитат интересите на домашните производители и преработувачи. Исто така, Министерството за земјоделство во соработка со Министерството за трговија ќе работи на контрола и ограничување на маржите за млеко и млечни производи. Во оваа прилика министерот ги задолжи сите млекарници да достават податоци за тековните залихи, со цел заеднички да се дефинираат мерки за намалување на вишоците, без нарушување на стабилноста на пазарот.

На средбата е договорено што поскоро да се формира работна група за следење на спроведување на договорените мерки и системското подобрување на млечниот сектор. Министерството ја истакна подготвеноста да продолжи со системски пристап, во соработка со млекарниците и производителите, со постојана, отворена и конструктивна комуникација.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:гламочиќзалихамлекосрбија
Претходен напис Ако цените од четврток скокнат – ќе има нови мерки!
Следен напис Утринава посвежо, во текот на денот сончево и потопло
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?