Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Србија го забрани увозот на кози и овци поради чумата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Србија го забрани увозот на кози и овци поради чумата
Агровести

Србија го забрани увозот на кози и овци поради чумата

Објавено 30/08/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство на Србија донесе наредба за забрана за увоз на домашни и диви овци и кози со цел да се спречи внесување, ширење, појава и сузбивање на заразната болест чума на мали преживари (ППР).

Во наредбата објавена на веб-страницата на ова Министерство, се наведува дека е забранет увозот и транспортот низ земјава, вклучувајќи месо, месни производи и млеко со потекло од овие животни, пишува Политика.

Забраната се однесува на пратки кои потекнуваат од земји во кои постои сомневање или потврда за оваа инфекција. Чумата на ситните преживари, како што соопштија од Ветеринарната управа, е сериозно заразно заболување кое ги погодува овците и козите, предизвикува висока температура, воспаление на слузницата на устата и носот, отежнато дишење и дијареа, а може да биде фатална, особено за невакцинирани животни.

Се шири преку директен контакт со заразени животни, преку контаминирана храна и вода, но и преку воздухот, а вирусот е многу заразен и може да се пренесе преку директен контакт со заразени животни, преку контаминирана храна, вода и секрет од респираторниот тракт.

Грчките власти вложуваат големи напори ситуацијата да ја држат под контрола, свесни дека доколку болеста ескалира може да биде загрозено производството на сирењето „фета“, кое на производителите, но и на државата им носи голем економски профит. Регулативите на ЕУ наведуваат дека доколку се открие случај на болеста кај кое било стадо, тоа мора да се уништи и да се дезинфицираат погодените области, вклучително и фармите. Заразата предизвика огромна штета на сточарите во Грција и Романија, а Хрватска го забрани и увозот на преживари.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:забраникозиовцисрбијаувозотчумата
Претходен напис Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во јули изнесува 5,12 проценти
Следен напис Четири пожари на отворено до 14 часот, два се уште активни
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?