Здружението на одгледувачи на овци и кози Ртањ вели дека доста млади се вратиле на село и започнале бизнис така што земале субвенции и купиле стадо од најмалку 100 овци. Има и такви кои започнале па брзо се откажале од оваа работа кога ќе видат колку вложување е потребно.
Најголем проблем е всушност, да се најде овчар, бидејќи скоро и никој да не сака да се занимава со оваа работа, која во просек се плаќа 500 евра, велат добро упатените.
60% од членовите имаат од 25 до 35 години
Бане Стојановиќ, претседател на Управниот одбор на Здружението на одгледувачи на овци Ртањ вели дека во последната година, голем број млади одлучиле да се занимаваат со оваа работа.
-Доста млади влегоа во приказна за одгледување овци со сериозни инвестиции. Во нашето Здружение од вкупно 270 членови, барем 60% од оние кои се зачлениле имаат од 25 до 35 години. Упорни се и успеваат да постигнат нешто, иако не знаеле многу за работата. Изградија објекти, земаа субвенции од државата и сега се обидуваат да направат од тоа исплатлива работа, што во овој момент не е лесно“, вели Бане Стојановиќ.
Просечна српска плата
За да се исплати одгледувањето на овци, потребно е да се има најмалку 100 овци, вели Стојановиќ.
„Сè помалку од 100 овци нема смисла и служи главно за да се распродадат набрзина. Од 100 овци, може да се заработи една просечна српска плата, но тоа не е доволно за цело семејство. Пред три, четири години можеше да се заработи многу повеќе, тогаш цената беше најдобра, но сега ситуацијата малку запре“, вели Стојановиќ.
Според податоците на Здружението на одгледувачи на овци на Србија, заработката од оваа работа тешко е да се пресмета бидејќи на тоа влијаат и цената на горивата и репроматеријалите.
„Оние кои имаат помало производство, на пример 30 овци, не можат да се пофалат со никаква заработка, но кој работи малку посериозно и има 100 и повеќе овци, може да зборува за некој приход. Со таа бројка може да се одржува домаќинството и отприлика во една година да се заработи околу 13-14 илјади евра“, велат од Здружението.
Некои брзо бегаат
Многумина мислат дека ако купат 100 овци и добијат субвенции од државата, веднаш имаат добра заработка. Сепак, не е баш така.
„Многумина брзо почнувата да ја работат оваа работа, но брзо и завршуваат. Потребно е да се подготвува храна за кога овците не се на паша, да се изведуваат, да се вложува. Често има случаи да одгледуваат овци само за продажба на месо бидејќи така имаат помалку работа. Кога се молзат овците, тогаш се прави сирење и млечни производи, тоа е повеќе работа. Голем број од нив брзо бегаат кога ќе сфатат колку има работа и бараат овци само за продажба на месо. Секако ги има и оние кои се упорни“, вели Стојановиќ.
Никој не сака да биде овчар?
Скоро сите одгледувачи го имаат проблемот со недостаток на овчари, кои скоро и да ги нема, објаснува соговорникот.
„Просечната плата за еден овчар е околу 400-500 евра, со платен стан и храна. Сепак, ретки се оние кои сакаат да се фатат за таа работа, ја сметаат за недостоинствена. Тоа мора да се промени“, вели Стојановиќ .
Овчото сирење на заживеа
Друг проблем е што сирењата и млечните производи со овчо млеко не заживеаја на српскиот пазар и уште ја немаат вистинската цена кога прекупувачите ги продаваат по центрите на поголемите градови.
-Цените паднаа и откупот е мал од почетокот на короната. Многу млади кои беа оптимисти поради ова се откажаа од оваа работа и го сменија мислењето. Ни месото моментално нема добра цена, но одгледувачите се надеваат дека таквата ситуација ќе се промени“, вели Стојановиќ.
Извор: mondo.rs
