Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Спречен извоз на краставици од Србија: Откриена голема количина на фунгицид металаксил
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Спречен извоз на краставици од Србија: Откриена голема количина на фунгицид металаксил
Агровести

Спречен извоз на краставици од Србија: Откриена голема количина на фунгицид металаксил

Објавено 14/09/2023
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Свежи краставици од Србија наменети за словенечкиот пазар се запрени на граница затоа што кај нив бил пронајден фунгицид металаксил, соопшти Европскиот систем за брзо предупредување во трговијата со храна (РАСФФ), јави дописникот на МИА од Белград.

РАСФФ наведува дека по извршената контрола на границата било наредено да се уништат краставиците.

Металаксил не е означен како опасен на веб-страницата на РАСФФ, но во краставиците е пронајдена поголема количина од дозволената.

Дозволената количина на овој фунгицид е 0,01 милиграм на килограм, а контингентот стока содржел 0,025.

Металаксил е фунгицид од хемиската група на ацилаланин, кој делува превентивно и се користи за заштита од растителни болести.

На почетокот на септември на граничниот премин меѓу Црна Гора и Србија – Добраково, инспекција спречи увоз на речиси 10 тони праски и нектарини, при што е пронајден пестицид опасен по здравјето на луѓето, особено на децата – хлорпирифос.

Истиот пестицид е пронајден и во сливи увезени од Србија во Хрватска, кои потоа биле уништени.

Во август Фитосанитарната инспекција на Управата за заштита на растенијата на Србија, по детална анализа, утврди присуство на пестицидот хлорпирифос и во праските што требаше да се извезат во Хрватска, а беа вратени од граница. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:извозкраставициСпреченСрбијафунгицид металаксил
Претходен напис Јавна расправа во Охрид по нацрт-законот за прогласување на Охридското Езеро за споменик на природата
Следен напис Намален водостојот на Преспанското и на Дојранското Езеро
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?