Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Земјоделците со став: Најисплатливо е производството на ТУТУН и ГРАДИНАРСКИ култури, еве зошто
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Земјоделците со став: Најисплатливо е производството на ТУТУН и ГРАДИНАРСКИ култури, еве зошто
Агровести

Земјоделците со став: Најисплатливо е производството на ТУТУН и ГРАДИНАРСКИ култури, еве зошто

Објавено 19/02/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Постојано слушаме поплаки од земјоделските производители за неисплатливост на производството, за загуби, напуштање на површините и фармите. И статистичките податоци го потврдуваат овој негативен тренд во земјоделското производство со намалување на обработливите површини, намаленото производство и падот на добиточниот фонд.

Настрана светските трендови во земјоделското производство, ги прашавме нашите земјоделците според нивното долгогодишно искуство, што е во моментов најисплатливо да се произведува кај нас, во што да се инвестира и да се заработи.

Имаме позитивни примери кои покажуваат дека ако се одлучите за производство за кое има обезбедно пласман, квалитетот на почвата одговара за добивање високи приноси, ако инвестирате во производството и субвенциите ги користите за тоа што се наменети, во тој случај вие ќе имате рентабилно производство. Имено, земјоделското производство е како секој друг бизнис, ако се инвестира и се работи професионално, а при тоа помага и државата, тогаш ќе има и успех.

Aнкетата на Агротим може да биде и добар показател за државата и носењето стратегија, покрај стратешките кои други производства треба да се субвенционираат за да се зголеми домашното производство, на кој начин да се помогнат и да се организира Договорно производство кое е најдоброто решение и за земјоделците и за откупувачите и трговците.

Според анкетата на Агротим, најголем број земјоделски производители се изјаснија дека најисплатливо во моментов е производството на ТУТУН и објаснија.

-Тутунот е најсигурно производство, пласман сигурен, како за сите така и за тебе, не одиш по пазари или прекупци, ако се жалат дека е тежок за работа тутунот, за разлика од пред 2-3 децении сега е полесен, со машина садиш, со машина копаш, берење со аргати кои ги плаќаш со субвенциите, во картони го нагазуваш и предаваш. 10 – 15 000 евра од што друго можеш да земеш? – пишува Живко Бумбароски.

Друг земјоделец, додава дека за тутунот не треба големи површини, не бара моќна механизација, има загарантиран откуп, добри субвенции, уште работници да има, се ќе е ок – вели Марјанчо Цветкоски.

Тутунопроизводителите ја спомнаа и цената од 400 денари плус субвенции што оди во прилог на нивните изјави дека тутунот во моментов е исплатлив за производство.

Од градинарските култури, според земјоделците најголема заработка има од зелка која во овој период има висока цена, обезбеден пласман и побарувачка. Исто така информираат дека и другите градинарски култури имаат добра цена и ако се работи професионално, добро се заработува.

Мислењето на земјоделците кои одговараа на нашето прашање – Кое производство во моментов е најисплатливо, прочитајте ги во прилогот. Има и иронични одговори (се чини омилени на земјоделците) како и општо за состојбата во македонскиот аграр.

Голема благодарност до сите читатели на Агротим што се вклучуваат со сериозни коментари и сугестии во дебатите кои ги предлагаме.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:градинарствоземјоделствотутун
Претходен напис Општина Василево тампонира и насипува полски пат за полесен пристап до нивите
Следен напис Студено утро, преку денот сончево и ветровито
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?