Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Битола, заедно со вработени од јавните претпријатија, членови на противпожарни друштва и волонтери и денеска продолжуваат со интервенции на просторот над обиколницата, каде деновиве имаше големи пожари.

Од Општина Битола информираат дека во моментот состојбата е мирна и нема горење, но на терен интервенираат над 70 лица, кои вршат санирање на локациите кои се потенцијални жаришта и каде што при силен ветер може да настане запалување.
Додаваат дека екипите остануваат на терен се’ до комплетно ликвидирање на пожарот.
МИА
