Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Состојба во пчеларникот во месеците декември, јануари, февруари и март
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Состојба во пчеларникот во месеците декември, јануари, февруари и март
Агровести

Состојба во пчеларникот во месеците декември, јануари, февруари и март

Објавено 19/11/2024
Сподели
17 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Декември како и обично има доста ниски температури, врнежи од снег или дожд и практично пчелите влегуваат во зимска хибернација. Тоа е период каде најбитно е да се обезбеди мир на пчеларникот бидејќи од било каков потрес пчелите паднат од клубето тие поради ниската температура не можат да се вратат во клубето и умираат од студот. Во овој период ако пчелите ја потрошат храната над клубето, поради студот не можат да се движат и да стигнат до останатата храна може да се случи и покрај резервната храна која ја имаат да изумрат од глад.Затоа кога времето го дозволува тоа треба да се провери дали имаат достап до доволно храна, во случај да немаат на пчелите да им се стави погача над клубето, исто така да се провери вентилацијата во кошницата и ако има некои пропусти да се санираат.

Со правилното зазимување на пчелите на есен, во декември и немаме некоја работа на пчеларникот но сепак треба да се вршат проверки и тоа дали на леталата има мраз, снег или мртви пчели и леталото треба да се исчисти за пчелите слободно можат да излегуваат и влегуваат кога е убаво времето.

Во овој месец може да ги преместуваме кошниците на кратки растојанија меѓутоа многу внимателно за да не предизвикаме потрес и пчелите не паднат од клубето. Треба да се напомене дека за преместување на кратки растојанија треба пчелите да не излегувале барем 25 дена.

Одвреме навреме треба да се проверат пчелните друштва дали добро зимуваат. Тоа можеме да го направиме преку звукот кој доаѓа од внатрешноста на кошницата. Ако зуењето е рамномерно и многу тивко тогаш со пчелното семејство се е во ред, додека ако зуењето е јако и се слуша на 1-2 метри од кошницата тогаш пчелите немаат храна или имаат проблем со вентилацијата или во кошницата има несакан гостин (глушец). Значи било кој недостаток да го имаат пчелите мора да се одстрани веднаш.

Јануари е месец кога пчелните друштва ја зголемуваат својата активност, поточно во неговата втора половина со зголемување на дневните температури, инстиктивно осеќаат потреба за обновување, па почнуваат со формирање на ново легло. Матицата започнува со полагање на нови јајца па животот на пчелното друштво почнува да се менува. Започнува поголемо трошење на храна а посебно на полен. Бидејќи пчелите интензивно почнуваат да ја хранат матицата, да го хранат и негуваат леглото потрошувачката на храна и полен се зголемува.

Со зголемувањето на потрошувачка на храна и на забрзување на другите животни процеси во пчелното друштво, во кошницата доаѓа до појавување на водена пареа и јаглероден диоксид поради температурната разлика па затоа вентилацијата е од посебно значење, за да не дојде до мувла по краевите.

Ако во текот на јануари се појават повеќе топли денови тогаш леглото се зголемува што резултира со поголема потрошувачка на храна а посебно на полен кој многу се троши за исхрана на леглото, без кој нема и лачење на млеч. Затоа кај оние пчелни семејства кај кои не е оставено доволно храна при зазимувањето се појавува недостиг од храна и треба да се интервенира со прихрана погачи.

Развојот на поголемо легло во јануари не е пожелно. Ако се развие поголемо легло а во наредниот период температурите драстично се намалат пчелите не се во состојба цело да го покријат поради загревање и истото може да не преживее, меѓутоа ако температурите се константни тогаш има шанси да преживееат.

Во секој случај, може да се смета за правило дека е подобро за друштвото првото легло да се појави малку подоцна. Појавата на леглото предизвикува и поголема потрошувачка на храна, поголемо исцрпување на старите пчели, што може да резултира со пократок животен век, а пчелните друштва се најчувствителни на тоа на крајот на зимата, кога ќе се промени генерацијата на пчели. Од една страна, очигледно е дека на друштвото му требаат нови, млади пчели, но ако тоа дојде со ненадејна смрт на старите, може да се појават многу неповолни промени во друштвото, што може значително да го забави понатамошниот развој.

По реалните зимски температури во јануари, на крајот на јануари и почетокот на февруари се најавува затоплување, така што може да се очекува масовно летање на пчелите или летови за прочистување. Во втората половина на февруари деновите се подолги а ноќите пократки. Температурните разлики помеѓу деновите а особено помеѓу денот и ноќта се големи. Со самата оваа појава кај пчелите се активира сетилото дека се приближува пролетта. Матицата полага јајца во многу поголем обем него во предходниот месец а со самото тоа се зголемува и потрошувачката на храна а поготово на полен кој во ова време од годината го нема во природата или го има во многу мали количини.Кон крајот на месецот се пристапува кон изимување на пчелните семејства и подготовка за нивен предпролетен развој. За таа цел треба да ги исчистиме подовите од кошниците за пчелите да не се замараат со непотребна активност , туку да се ориентираат пред се на исхрана и одгледување на леглото. Подовите наједноставно би било да ги замениме со резервни а постоечките да ги исчистиме и да ги оставиме во магацин, но ако немаме резервни тогаш ги чистиме постоечките од восочни одпадоци и мртви пчели и влага.Треба да ја провериме резервата на храна во секое друштво и ако ја нема во доволни количини да ставиме по една погача, најдобро оплеменета.Исто така треба да го пратиме развојот на леглото и да не дозволиме тоа да се развие во поголем облик од нормалното за овој период од годината.Ако временските прилики дозволуваат време е да се постават поилките на десетина метри од сандаците и на сончево место.Повремено треба да се чистат полетувалките од мраз ако го има и од мртви пчели и воедно да се прати здравствената состојба на друштвото.

Како што знаеме ако, во услови кога имало слабо летно пасиште минатата година, просечната јачина на пчелните друштва е околу 4 рамки на пчели, додека каде што биле подобри услови и пчелите биле подобро згрижени, друштва се посилни, тие имаат 5 или повеќе рамки со пчели.

Во март кога ќе се појави најавеното затоплување, треба да се посетат пчеларниците и да се направи површен преглед на кошниците.Во зависност од состојбата на кошницата, прегледот може да се состои само од отворање на кошницата и визуелен преглед без подигање на рамките, и може да вклучува отстранување на неколку рамки за да добиете попрецизен увид во резервите на храна, како и некои манипулации со рамките.

Се подразбира дека ваквото рано отворање на кошниците не може да се смета за пример за идеална пчеларска пракса и не треба да бидат правила, но за реални услови кога многу пчелари не ги подготвуваат најдобрите друштва за презимување и кога повеќето некритички прифаќаат да ставаат прихрана како на пример погачи, добро е да се истакне целта и спроведувањето на ваквиот ран преглед. Покрај тоа, треба да се има предвид дека овие прегледи зависат од временска прогноза што наговестува на релативно високи температури на самиот почеток на месецот, што е поволно за отворање на друштвата. Ако не е така, нема да се советува отворање, освен во некои крајно неповолни ситуации во друштвата.

Ако се забележи дека клубето со пчели се преместило целосно на страната на кошницата, добро е да се стави барем една рамка со мед од таа страна, ако веројатно има една од другата страна на кошницата, а потоа да се постави остатокот од рамките на кои се пчелите, како што биле. Тоа важи во во случај ако состојбата на овие рамки е релативно нормална – дека има пчели, мед, простор за легло … на крајот може да се види ако има започнато легло. Ако не е така, а температурите се над 12-13 степени, ако клубето со пчели се на лоша рамка, на пример без храна, лошо саќе, таквата рамка може да се премести настрана, зад рамката со мед, иако може да има на таа рамка пчела. Па така, клубето може да се раздели ако се процени дека температурите се такви што пчелите можат да се вратат каде што е мнозинството од клубето. Понекогаш е попрактично едноставно да се истресат пчелите на рамовите ако температурите се високи, а рамката да се постави некаде настрана.

Доколку сеуште не е започнат развој на ново легло и ако клубето со пчели ги покриваат рамките со релативно доволно храна, се препорачува да не се прават никакви манипулации со рамките за време на првото отворање. Веројатно може да се очекува да се појави студен бран , па пчелите треба да се остават да мируваат. Затоа, искористете го ова прво отворање за да им дадете само најпотребна помош на некои друштва за кои се проценува дека се послаби.

Пчеларите кои вообичаено или по навика прибегнуваат кон ставање погачи, треба да им се препорача да ги користат таквите поволни температурни услови за прво да ја прегледаат реалната состојба во кошницата. Се уште е рано, така што веројатно нема легло во кошниците или само можеби малку на 1-2 рамки, така да нема потреба да ги проверувате или кревате тие рамки од центарот на клубето. Но, затоа се советува да се гледаат рамките на крајот од клубето со пчелите и да се види што има на нив. Доколку нема доволно храна, подобро е привремено да ги отстраните некаде на крајот, зад рамките со мед, а на нивно место да ставите рамка со мед, но и со релативно убаво саќе, така што кога пчелите ќе го изедат медот на тоа место ке формираат легло. Тоа е најдобрата помош за пчелите. Кога ова ќе го направите и ако пчеларот навистина инсистира на ставање погачи, тој може да го стори тоа, но за тоа веројатно нема да има потреба.

Пчеларите кои навистина ги подготвиле пчелите за зимата и кои имаат силни, здрави друштва со многу храна, можат да бидат ослободени од тоа отворање. Таквите добро подготвени друштва можат да бидат прегледани можеби само во втората половина на март. Ова би можело да се однесува на кошницата LR, каде што друштвата се зазимени со двa наставци и каде што клубето се наоѓаат во горниот наставак која е полна со храна.

Може да се однесува и на кошниците LR каде плодиштето е само во еден наставак, но тие исто така имаат и полу-наставак полно со мед како магацин за храна. Кошниците ДБ на пример не треба да се прегледува овој месец само она што била полна со храна од есента, со голем меден венец и многу пчели. Треба да се нагласи дека клучниот услов кошницата да не се отвори и провери во февруари е дека покрај многу храна, има и многу пчели. Често се случува ако некое друштво поради некоја причина изгуби значителен дел од пчелите, без оглед на тоа што има изобилство храна во кошницата, на такво друштво му е потребна помош од пчеларот. Обично се состои од силно стеснување на гнездото, така што медот да им биде на дофат на ослабеното друштво.

На крајот на месецот, ако има значителни затоплување, може да се направи повторно преглед, а ако е ладно, тоа се остава за месец март. Целта на тој преглед ќе биде да се утврди дали друштвата започнале да негуваат ново легло, дали имаат матица и храна. Тогаш препорачливо е да се стесни пчелното гнездо , што значи да се извадат празни рамки од средината на гнездото и да се остават обично само на 3 рамки на кои започнато или ќе се шири леглото, а до нив да се стават рамки со многу мед и полен од двете страни, што практично привремено ќе г блокираат клубето . Во друштвата кои имаат 6 или повеќе пчелни рамови можно е да се остават 4 рамки во средина, но исто така е неопходно да се има малку мед на нив, и да се постават рамки со многу мед од двете страни. Ако нема полни рамки со мед, тогаш се даваат и нецелосните, но се превртуваат така што на страната покрај клубето со пчели има повеќе мед.

Доколку се забележи дека нема легло во една кошница, додека за разлика од сите други што имаат, многу е можно друштвото да нема матица. Може да покаже и други знаци – дека пчелите зујат со подигнати крила, дека има траги од дијареја на рамовите и саќето, или имаат изградено природни основи за матичњаци. Таквите друштва треба да се спојат со други кои имаат матица најдобро преку весник. Друго решение е да се растури друштвото и да се поделат рамките со пчели во други друштва. Ако времето е топло, овие рамки можат да бидат поставени на крајот од кошницата каде што се додаваат и да се преградат со лист од весник, за да се олесни спојувањето на пчелите.

Поилките за вода треба да бидат подготвени однапред да бидат пставени на сончево место во пчеларникот штом пчелите почнат да излегуваат за да имаат вода.

Ако планирате да ја смените локацијата на некое друштво во истиот пчеларник, треба да почекате да се направи по долг период на неизлетување на пчелите, иако и тогаш е можно пчелите да ја запамтат претходната позиција на кошницата и да се вратат таму.Затоа е добро кога се поместува кошницата во истиот пчеларник да се отстрани постаментот од старото место.

Други активности…

Новата активна пчеларска сезона ќе започне многу скоро, па сега е последното време за подготовки, што вклучува планирање, набавки, договори, работилници и многу повеќе. Добро е да се изврши преглед на сатните основи во магацините, да се утврди состојбата и, доколку е потребно, да се преземат соодветни мерки. Имајќи ги предвид топлото лето и невообичаено топлата есен, условите за развој на восочни молци беа многу поволни, па некои пчелари порано забележуваат дека има рамови што се оштетени од молци. Ваквото оштетено саќе најдобро е да се стопи, но ако е многу малку оштетена површина, тогаш овие парчиња може да се исечат и да се зачуваат и да се користат подоцна.

АПРЗ РЕ Скопје

Дипл. инг. Агр. Ласта Миленковски

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:декемвријануарипчеларникотСостојбафевруари
Претходен напис Во Берово најстудено, -6 степени
Следен напис До сабота променливо облачно со повремени врнежи од дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?