Во изминатава седмица времето беше умерено облачно со сончеви периоди, а на некои места имаше краткотраен повремен локален дожд, и слаб до умерен ветер.
Ваквите временски услови се добредојдени за изведување на работи во поле, како што се: припрема на почвата за сеидба на рани пролетни култури, прихранување на есенски култури, садење на одредени рано градинарски култури, започнување со засадување на нови лозја и сл.
Површинската и предсеидбена припрема на почвата треба да биде навремено и квалитетно извршена, со цел да се создаде растресит и површински слој во кој ќе се посее семето. Една од клучните , т.е. основните задачи на обработката на почвата за пролетна сеидба е регулирање на водно-воздушниот режим бидејќи тие дејствуват како синџиреста реакција на промените на топлотните, биолошките и хемиските својства на почвата. Паралелно со обработка на почвата да се изведи и основно ѓубрење на посевот. Исто така во овој период треба да се изврши прихрана на есенските поледелски култури, бидејќи тие имаат долг вегетационен период, во кој бара доста хранливи материи. Во различни фази од порастот на растенијата потребите од минерална храна се различни. Во досегашната практика кај нас есенските култури се прихрануваат просечно два пати, еднаш во февруари или почетокот на март, а вториот пат во втората половина на март или во април. За прихранување најчесто се користат леснорастворливи азотни соидиненија.
Останати култури се исто така во развој, и кај нив треба да се продолжи со сите потребни агротехнички мерки.
Денес во западните делови ќе има повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен и североисточен правец. Во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со слаб до умерен северен ветер. Утринските температури наместа ќе се спуштат под нула степени.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -5°C на повисоките места, до 4°C, а максималната температура ќе се движи во интервал од 6°C до 18°C.
