Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 16.04.2026 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 16.04.2026 година
Агропрогноза

Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 16.04.2026 година

Објавено 16/04/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Изминатава недела имавме променливо облачно и стабилно време со повремени локални врнежи од дожд и силен северен ветар на некои места.

Во овој период потребни се повеќе врнежи. За стрнишните жита кај нас од суштинско значење се врнежите во периодот од почетокот на март до почетокот на јуни. Пченицата најголеми количини на вода троши во фазите вретенисување, класење, млечна зрелост. Фазата на вретенење се одвива во пролетниот период. Во почетокот на оваа фаза се оформуваат репродуктивните органи, од кој ќе зависи и плодоносењето, и затоа во оваа фаза растението мора да има доволно количество вода и хранливи материи. Водата исто така е неопходна и за останатите култури иако има доволно влага во подлабоките слоеви од почвата, но поради интензивниот развој на растенијата има и поголема потрошувачка на вода. Овошните култури имаат најразлични барања во однос на водата, поради длабокиот корен, па поради тоа релативно лесно поднесуват суша, но потребно е оптимална влажност во почетокот на вегетацијата за нормално цутење и формирање на плодови. Потребата за вода кај младите насади има големо значење за брз, уедначен пораст и формирање на насад со добра кондиција. Овој период е време и за садење на некои пролетни култури.

Следува период на променливо облачно и релативно топло време. Денес ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Во петок и во деновите од викендот времето ќе биде претежно стабилно и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од понеделник повторно се очекуваат локални врнежи од дожд и услови за изолирана појава на грмежи.

Доколку почвените услови дозволуваат, земјоделските производители може да почнат или продолжат со активностите и грижата за нивните посеви и изведување на работи во поле, како пролетна обработка на почвата, наводнување, уништување на плевели, внесување на ѓубрива, припрема на почвата за сеидба на пролетни култури, подготовка на почвата за сеење на топлољубивите поледелски култури, садење на одредени градинарски култури, заштита на растенијата кај овошните видови од појава и развој на болестите и штетници, редовно следење на посевите како и други агротехнички мерки.

Минималната температура ќе се движи во интервал од 2°C до 12°C, а максималната температура ќе се движи во интервал од 14°C до 25°C.

Извор: Агрометео

Може да ви се допадне

За викендот сончево и многу топло до 40 степени
Состојба на земјоделските култури во Република Македонија и агрометеоролошка прогноза за периодот после 16.07.2026 година
Сончево и многу топло, попладне можен локален дожд
За викендот сончево и многу топло, од вторник грмежи и засилен ветер
Сончево и топло до 38 степени
Таг:агрометеоролошка прогнозаземјоделските културиСостојба
Претходен напис Јавен повик за прибирање понуди за градежни работи за логистичко-дистрибутивниот центар во Гази Баба, Скопје
Следен напис Собранието до 20 јули ја продолжи кризната состојба поради ризици во снабдувањето со нафта и нафтени деривати 
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?