Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Состанок на Ристески со производители, дистрибутери и трговци: Новогодишната кошница заврши, цените да останат на истото ниво
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Состанок на Ристески со производители, дистрибутери и трговци: Новогодишната кошница заврши, цените да останат на истото ниво
Агровести

Состанок на Ристески со производители, дистрибутери и трговци: Новогодишната кошница заврши, цените да останат на истото ниво

Објавено 16/01/2025
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојаноски одржаа состанок со дел од претставниците на производителите, дистрибутерите и трговците кои учествуваа во акцијата Новогодишна кошница која што се применуваше од 15 декември 2024 до 15 јануари 2025 година.

Министерството за економија и труд соопшти дека Ристески им се заблагодарил на сите производители, дистрибутери и трговци кои што се приклучија и учествуваа во акцијата и ги намалија цените на прехранбените производи и на дел од пијалоците за време на новогодишните и божиќните празници.

На листата на производи, како што е објавено и на веб-страницата Моја кошница кшто ја креираше Министерството за економија и труд за оваа акција се вклучени 1178 производи од 96 производители и дистрибутери се вклучија 51 маркети а акцијата се применуваше во 762 продажно место.

– Во духот на социјалната одговорност и солидарноста, од Министерството за економија и труд беше  напоменето дека очекувањата се сите учесници во малопродажбата – производителите на храна, дистрибутерите и ланците на маркети, ќе направат максимални напори и ќе ги задржат цените на производите на исто ниво по завршување на акцијата.  Акцијата за прв пат е иницирана и спроведена од страна на бизнис секторот  и во текот на следните недели се очекуваат анализи на ефектите од ваквата акција. Од Министерството за економија беше потенцирано сите учесници треба да се воздржат од зголемување на цените на прехранбените производи кои беа дел од оаа акција и во таа насока се подготвени да комуницираат во духот на соработката. Беше упатен апел и опомена до сите чинители во ланецот на прехранбени производи во наредниот период да не дојде до зголемување на цените на основните прехранбени производи, по завршување на Новогодишната кошница, за да не се носат мерки страна на Министерството за економија и труд, односно беше кажано дека Министерството ќе ги искористи сите механизми кои ги има на располагање за да се заштити стандардот на граѓаните, се наведува во соопштението.

На средба е заклучено дека оваа акција е од исклучително значење за зачувување на економската стабилност во земјава и за спречување на понатамошен раст на инфлацијата која влијае врз животниот стандард на сите граѓани.

– Во овие предизвикувачки времиња, клучна улога во заштитата на економијата имаат токму  производителите и трговците, како носители на понудата на пазарот.  Подготвеноста да се воздржат од покачување на цените нема само да придонесе за заштита на куповната моќ на граѓаните, туку ќе испрати и јасна порака за Вашата посветеност кон заедничката иднина на нашето општество, што пак ќе доведе до директно влијание врз зајакнување на довербата меѓу сите чинители во општеството, а особено кон потрошувачите. Државниот пазарен инспекторат останува на терен да ја следи состојбата со цените, се истакнува во соопштението од Министерството за економија и труд.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:дистрибутерипроизводителиРистескисостаноктрговци
Претходен напис ЕК работи исплатата на предфинасирањето за Северна Македонија да се случи што е можно поскоро 
Следен напис Од утре стабилно време со позитивни дневни температури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?