Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина од 60 km/h.
Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе достигне до 33 степени.
УХМР објави дека количината на врнежи за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2) изнесува 1 во Охрид. Од УХМР забележуваат дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на Управата. Оттаму додаваат дека поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
УХМР
