Сончевото и многу топло време, според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе се задржи до утре, кога во попладневните часови се очекува земјава да биде зафатена од циклонска активност, која ќе донесе променлива временска состојба со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пообилен пороен дожд, грмежи и за засилен ветер
Како и во текот на викендот и денеска времето во земјава ќе биде сончево и многу и топло со мала локална облачност, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ветерот ќе биде слаб до умерен и ќе дува претежно од источен правец.

Утринската температура ќе се движи во интервал од 14 до 21 Целзиусов степен, а максималната дневна се очекува да достигне и до 39 степени.
Во Скопје, според синоптичарите, исто така, ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Живата во термометрите во главниот град ќе се искачи до 38 Целзиусови степени.
Сончевото и многу топло време, според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе се задржи до утре, кога во попладневните часови се очекува земјава да биде зафатена од циклонска активност, која ќе донесе променлива временска состојба, односно ќе облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пообилен пороен дожд, грмежи и за засилен ветер.
Наместа, велат од УХМР, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Ќе дува повремено засилен ветер, претежно од северен правец, кој од четврток ќе биде поизразен должд Повардарието и повремено наместа ќе надминува брзина од 50 километри на час.
УХМР
