Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со средства од Програмата за рурален развој, граѓаните на неколку села за прв пат добијa канализациона мрежа и реконструирани селски чешми
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Со средства од Програмата за рурален развој, граѓаните на неколку села за прв пат добијa канализациона мрежа и реконструирани селски чешми
Рурален Развој

Со средства од Програмата за рурален развој, граѓаните на неколку села за прв пат добијa канализациона мрежа и реконструирани селски чешми

Објавено 21/01/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој , Николче Бабовски и градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево, Горанчо Крстев, денеска направија увид на двата проекти кои се реализирани со средства од Програмата за Рурален развој. Градоначалникот Крстев, се заблагодари за добиениот грант и истакна дека на овој начин се подобруваат условите за живот во овие населени места.

„Наша приоритена цел е граѓаните на овие населени места да добијат квалитетни услови за живот во селата. Со средствата од Агенцијата за финансиска поддршка, реализиравме два проекти и тоа: Реконструиравме стари селски чешми и партерно ги уредивме. Исто така со овие пари за прв пат село Бања доби канализациона мрежа што е од витално значење за жителите на оваа населено место.“ – истакна градоначалникот Крстев.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Бабовски, истакна дека преку двата проекти во овој дел од државава се инвестираат близу 18 милиони денари.

„Преку проектот кој денеска го посетивме обезбедивме

вода за селата Стераци, Спанчево, Бања и Соколарци. Додека преку „Изградба на фекална канализација во селото Бања“овозможивме над 300 жители на оваа село за прв пат да добијат канализација со што ќе им го подобриме квалитетот на живот, а позитивно ќе влијаеме и на заштита на животната средина.“- истакна Бабовски

Бабовски истакна дека средствата се неповратен грант, општината треба само да го плати ДДВ – то.
Средствата за реализација на овие проекти се обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија поточно од Програмата за рурален развој. Со помош на овие средства се овозмува рамномерен развој на целата држава и еднакви квалитетни услови за живот за сите граѓани.

Може да ви се допадне

АЕТМ: Е-трговијата во Македонија со двоцифрен раст – онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година
Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
Хоџа на терен со земјоделците од Чашка и Велес: Руралниот развој се гради со луѓето кои живеат и работат на село
Трајков: Европската иднина на Македонија се гради преку знаење, реформи и соработка
Центар за климатски промени: Македонија се соочува со зголемен ризик од суша, потребни се повеќе финансиски средства и мерки за адаптација
Таг:ддвканализацијамакедонијарурален развојселоспанчево
Претходен напис Маркетинг агенција од Белград, на покривот од зградата постави кошници со пчели
Следен напис Утре ИПАРД инфо ден во Битола
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?