Многубројни методи и трикови се користат за заштита на градинарските растенија, а со еден интересен предлог се појави и Елвис Дадо Хорватиновиќ.
Денешните градинари користат бројни методи и техники со цел да ги заштитат своите растенија или да го извлечат од нив она најбитното, а кога откриваат нешто ново, со задоволство го споделуваат.
Со хартија заштитете ги вашите растенија од штетници
Основачот на Фејсбук групата „Од нива до маса“ , Хорватовиќ се појави со една итересна идеја.
“Секогаш кога засадував зелка, следниот ден ги наоѓав стеблата изгризани. Значи не беше изгризан нивниот лист или корен, туку стеблото и тоа на околу 1 сантиметр под земја. Тоа траеше со денови. Јас садев ново растение, а истиот или другиот ден нешто го прегризуваше.-раскашува Дадо, дека и со пиперките се случувало истото, а кога ја копал земјата за пресадување на расадот, наидувал на штетници и така открил дека тие се виновни за уништените растенија.

Овај долгогодишен градинар открил еден трик со кој успешно ги заштитил младите растенија од штетниците . Станува збор за хартиија од весник која се покажала многу ефикасена.
Значи, секој корен и секое стебло, до првите листови ги замотува со хартијата, па така го пресадува расадот. Тој вели дека на овај начин успешно ги заштитил своите растенија од штетниците, но и дека хартијата добро задржува влага. Затоа, со овој метод на заштита се добива двојна корист. Наместо хартија од весник може да се користи, хартија за печење, хартиени кеси и слично.

Покрај овај совет кој сигурно ќе ви помогне во пресадувањето на расадот, ви презентираме и некои други методи со цел да го подобрите изгледот на растенијата таму каде што тоа е важно, да ги заштитите од разни штетници, да им ја осигурате постојаната влажност, па и да се овозможат услови за непрекинат раст и развој.
Како стеблото на празот може да има поголем дел со бела боја?
Иако се јадат сите делови на празот, во кулинарството повеќе се цени белиот дел .Белиот дел се добива со ставање земја околу стеблото, но градинарите користат и други методи како што е замотувањето со хартија. Тоа може да биде хартија од весник (во тој случај се користи слој од 5 листови) која ќе ја замотате околу долниот дел на стеблото и тоа да се прицврсти со конец, но не треба многу да се стега, за да не се оштети растението.

Стеблото може да се обвитка и со салфетка. Може да се користи и картонска кутија од сок. Исечете го долниот дел и ставете го над младото растение. Како празот ќе почне да расте, така картонот постепено полнете го со земја ,компост или песок. На тој начин ќе ја зачувате белата боја на овај здрав и вкусен зеленчук.
Заштитете ја зелката од штетници
Познато е дека зелката ја напаѓаат разни штетници, а за да ги заштитите младите стебла, обвиткајте ги со хартија. На тој начин ќе спречите штетниците, своите јајца да ги полагаат на коренот на овој зеленчук, а ќе се спречат и поголеми штети во наредниот период.
Направете извор на вода за растенијата со помош на шише
На растенијата на кои им е потребно многу влага како што се доматите , пиперките, патлиџаните, тиквичките и сл. Можете да им обезбедите постојан извор на вода кој е многу едноставен за изработка, а се што ви е потребно е пласично шише.

Направете мали отвори на дното на шишето и вкопајте го покрај растението така што грлото на шишето да биде нагоре. Водата пополека ќе се солободува низ отворите, во близина на коренот. Овој начин на наводнување ќе го намали ризикот од развој на болести, а посебно ќе им помогне на оние градинари кои не можат редовно да го наводнуваат својот зеленчук.
Извор: Агроклуб
