Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со поддршка од ЕБОР и ЕУ кон изградба на модерен, инклузивен и усогласен систем за управување со отпадот во согласност со ЕУ-стандардите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Со поддршка од ЕБОР и ЕУ кон изградба на модерен, инклузивен и усогласен систем за управување со отпадот во согласност со ЕУ-стандардите
Агровести

Со поддршка од ЕБОР и ЕУ кон изградба на модерен, инклузивен и усогласен систем за управување со отпадот во согласност со ЕУ-стандардите

Објавено 18/02/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Многу е важно што регионалниот систем за управување со отпадот веќе не е само идеја на хатија. Ние веќе градиме инфраструктура, што е основа на овој систем. Затоа, 2026 е годината на реална промена. Ова значи крај на импровизациите. Нашето партнерство со ЕБОР и Европската Унија не е формалност, туку алатка за решавање реални, децениски проблеми. Управувањето со отпадот денес не е само еколошка тема – туку економска можност, прашање на достоинствена работа и социјална правда.

Ова го истакнал министерот за животна средина и просторно планирање Мухамед Хоџа на настан организиран од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со националните и меѓународните партнери во Скопје, кој има цел да ја обликува агендата за новите вештини и за работната сила за секторот. Министерот Хоџа притоа ја потврдил посветеноста на Владата во реформата на управување со цврстиот отпад.

Според ЕБОР, Северна Македонија прави решителен чекор кон изградба на модерен, инклузивен и усогласен систем за управување со отпадот во согласност со стандардите на ЕУ. 

Работилницата, која била одржана со претставници на високо ниво, со работен наслов „Патеки до вештините и инклузијата во секторот за отпад“, како што наведуваат од ЕБОР, ја поставила основата за воведување конкретни мерки, каде што локалните заедници ќе ги стекнат потребните вештини за управување со напредна и модерна инфраструктура за отпад и за отворање можности за зелени вработувања.

Работилницата, се додава, е дел од програмата финансирана од Европската Унија, поврзана со регионалниот проект за цврст отпад финансиран од ЕБОР, кој ја поддржува изградбата на санитарни депонии во согласност со стандардите на  ЕУ, претоварни станици и набавка на нова опрема во регионите Пелагонија/Југозападен Регион, Полог и Вардар/Југоисточен Регион.

– Целта на програмата е да помогне во создавање обуки на работното место, можности за учење преку работа и инклузивни патеки за вработување за локалното население, особено за невработените млади, жените и ромската заедница. Програмата исто така има цел да ја зајакне соработката меѓу јавните институции, регионалните компании за управување со отпад, приватните оператори и давателите на стручно образование и обука – се посочува во соопштението.

Штефен Худолин, раководител на Секторот за соработка при Делегацијата на ЕУ, се посочува, изјавил дека „зелениот договор повеќе не е амбиција, туку целосно интегриран концепт во сите реформи, програми и проекти поддржани од ЕУ. Ова, според него, се гледаа и директно преку поддршката на ЕУ за системите за управување со цврст отпад.

– Со над 74 милиони евра во грантови го олеснуваме воспоставувањето на регионалниот систем за управување со отпадот во североисточниот и во источниот дел од земјата, а соработуваме со ЕБОР за да ја поддржиме трансформацијата и во другите делови на земјата. Преку поддршката што ја обезбедуваме во овој сектор во развој се фокусираме и на зголемена едукација и вештини, со што директно придонесуваме за надминување на бариерите за вработување на младите, на жените и на ранливите групи, што придонесува за затворање на јазот што постои на пазарот – рекол Худолин.

Претставникот на ЕБОР за земјата, Фатих Туркменоглу, изјавил дека ЕБОР обезбедува финансирање до 55 милиони евра за регионалниот проект за цврст отпад – трансформативна еколошка инвестиција, која ќе им служи на повеќе од еден милион граѓани.

– Овој проект ќе ги затвори несанитарните депонии и ќе воведе модерни капацитети, но неговиот долгорочен успех еднакво зависи и од инвестициите во луѓето. Зајакнувањето на техничките и на менаџерските вештини е клучно за градење модерен сектор за отпад, кој е усогласен со стандардите на ЕУ, како и за отворање нови зелени можности за вработување – навел Туркменоглу.

По работилницата, ЕБОР и партнерите ќе го финализираат планот на инклузивните патеки за вработување и ќе ги идентификуваат образовните пилот-програми во тесна соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, надлежните образовни институции, општините, приватните и јавните оператори и институциите за обука – стои во соопштрението. 

Извор МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:ЕБОРЕУинклузивенмодеренотпадотсистем
Претходен напис Влажен бран со дожд и снег, од понеделник стабилизација и пораст на температурите
Следен напис Мицкоски: Очекувам инфлацијата да биде под три проценти, во рамките на проектираното
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?