Околу 300 единки возрасен крап, денеска беа пуштени во водите на вештачкото езеро Глобочица. Порибувањето е дел од законските обврски на концесионерот „Крап 2015“ кој стопанисува со водите на езерото.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, учествуваа на денешното утринско порибување на езерото, на брегот од месноста Теснец.
Продолжува грижата за природата и за зачувување на природниот биодиверзитет.