Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со новата студиска програма на Факултетот за земјоделски науки и храна ќе креираме земјоделски инженери на новата ера!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Со новата студиска програма на Факултетот за земјоделски науки и храна ќе креираме земјоделски инженери на новата ера!
Агровести

Со новата студиска програма на Факултетот за земјоделски науки и храна ќе креираме земјоделски инженери на новата ера!

Објавено 22/07/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Интервју со проф. д-р Миле Маркоски, Факултет за земјоделски науки и храна при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Декане, Вашиот матичен факултет отвора нова студиска програма за дигитално земјоделство. Колкава е потребата од создавање нов тип дигитални земјоделски инженери?

Факултетот за земјоделски науки и храна-Скопје во својата долгогодишна традиција е лидер во образованието и науката во областа на земјоделските науки и храната. Оттаму, следејќи ги потребите на стопанството, младите па и целиот земјоделски сектор пошироко од секогаш бил и предвесник во воведувањето на нови студиски програми во согласност со Болоњскиот начин на студирање.

Живееме во ера на огромен и многу брз технолошки развој, при што без дигитализацијата на сите процеси и одржливоста на секторот станува дискутабилна. Мора да истакнам дека дигитализацијата не е непозната за нашата земја. Уште пред речиси дваесет години била присутна во производството во големите индустрии и во земјоделските комбинати. Сепак, пребрзиот развој на технологијата кој земјоделските производители не успеваат да го следат со примена на новите дигитални решенија, доведе до тоа денес да зборуваме за насушна потреба од модернизација на производството, од воведување на дигитални технологии во земјоделското производство.

Оваа година, Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на оваа потреба и пристапи многи сериозно со цел да креираме кадри со познавања од дигиталните технологии, кои ќе знаат како истите да ги применуваат. Затоа пристапивме кон акредитација на нова студиска програма по „Дигитално земјоделство“, на која во академската 2024/2025 година ги очекуваме и првите бруцоши.

Со оваа студиска програма ќе се креира нов академски профил, дипломиран земјоделски инжинер по дигитално земјоделство (со 240 ЕКТС), односно ќе се креира земјоделски инженер на новата ера.

Интервјуто во целост на Иновативност.мк

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Претходен напис Крави оставени без вода на плус 40, жителите од село Соколраци реагираат на нехумано чување на животните
Следен напис Тиквешки лозароовоштари: Повторно да се активира служба за заштита од град
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?