Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со навремени мерки обезбедуваме зголемено домашно производство на храна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Со навремени мерки обезбедуваме зголемено домашно производство на храна
Агровести

Со навремени мерки обезбедуваме зголемено домашно производство на храна

Објавено 16/04/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата прави максимални напори во услови на една од најголемите светски кризи во поновата историја, да го зголеми домашното производство на основни суровини на храна, но и да ги обезбеди потребните количини од увоз. Со усвоениот сет мерки, со интервентниот фонд и со „Националниот план за производство на храна“, даваме силна поддршка и помош на земјоделците и на граѓаните.

Сите овие преземени мерки овозможуваат навремено снабдување со потребните основни суровини за производство на храна, со ѓубриво за сеидба и прихрана, семенски материјал и зелена нафта.

За да го зајакнеме домашното земјоделство со пакет мерки предвидени со ,,Националниот план за производство на храна”, којшто веќе се имплементира, ги поттикнуваме земјоделците да се насочат кон зголемено производство на стратешките земјоделски култури. Целта е со оваа поддршка да се справиме со светската, но и да станеме увозно независни со достапна и поевтина храна.

Ги информираме земјоделците дека имаат државна помош и поддршка за производство на стратешките земјоделски суровини како на пример сончогледот. Субвенција за хектар сончоглед е 15.000 денари. Секој што ќе произведуваа ќе добие ѓубриво од 2.500 денари од државата на неделна основа и 2.119 денари за „зелена нафта. За приноси над 1,5 тон сончоглед предвидена е дополнителна поддршка од 100 евра. Даваме силна поддршка и на договорното производство на сончоглед, што е важно за земјоделците да имаат сигурен пласман, а индустријата суровина.

Ова е огромна поддршка, а целта е да ги искористиме ресурсите, зошто сега е моментот, да ги зголемиме производството и залихите за домашните преработувачки капацитети.

Дополнително, од следната недела, ќе биде отворен огласот за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп, наменето за житни култури, односно за пченица, пченка, јачмен и сончоглед. Со овој оглас се ставаат на располагање на земјоделците, вкупно 6.000 хектари плодна земја.

Исто така, во континуирани преговори со српската влада, Република Србија дозволи извоз на 2 милиони литри масло за јадење, доволни да се покријат потребите за еден месец. Но, остануваме во постојана и интензивна комуникација со српските власти и доколку има потреба ќе се испорачуваат и дополнителни количини масло за јадење, и очекуваме нова одлука.

Може да ви се допадне

УНЕП: Глобалното затоплување ќе достигне најмалку 1,8 степени Целзиусови
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ за поледелски култури, лековити, ароматични и зачински растенија и цвеќе
ДЗР: Изградба на фотоволтаични електрани без целосно функционален систем за планирање, одобрување и надзор
Најмногу дожд во Амзабегово, Светиниколско
Намален бројот на работниците во индустријата
Таг:влададоговорномеркипченицасончоглед
Претходен напис Доворно производство: Фабрика за чипс од Кравари – Битола бара кооперанти за одгледување на компир, условите се одлични!
Следен напис Николовски од Струмица: Нема да дозволиме да се манипулира со откупот на пролетна зелка, инспекциите се на терен, никој не е привилегиран
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?