Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со ИПАРД 3 поддршката за кофинансирање може да достигне и до 70 проценти за младите земјоделци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Со ИПАРД 3 поддршката за кофинансирање може да достигне и до 70 проценти за младите земјоделци
Агровести

Со ИПАРД 3 поддршката за кофинансирање може да достигне и до 70 проценти за младите земјоделци

Објавено 14/09/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поголем процент во добивањето на финансиската поддршка при аплицирање за мерките од ИПАРД 3 програмата добиваат младите земјоделци. Па така поддршката за кофинансирање на еден проект може да достигне и до 70 проценти од вредноста на инвестицијата, каде како апликант се јавува млад земјоделец, истакна министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

Во гостувањето  на ТВ Сител Николовски вечерва информираше дека новата ИПАРД 3 програма овозможува авансна исплата до 50 проценти од висината на финансиската поддршка, веднаш по потпишување на договорот. Обезбедувањето на потребната документација, ќе се врши преку електронски систем, намалувајќи ги трошоците на апликантите и забрзувајќи го процесот на аплицирање.

-Ние сме лидери во регионот по неколку основи, ја имаме најголема искористеност од 98 проценти на средства од ИПАРД 2 програмата, со склучени 2369 договори, нула евра вратени кон ЕУ и први во регионот ние започнуваме со ИПАРД 3 програмата, рече министерот Николовски.

Според него, интересот за новата ИПАРД програма е голем. На терен повторно е активна информативна кампања која има за цел детално да ги запознае сите земјоделеци со можностите кои им се ставаат на располагање за инвестиции и модернизација на своето производство преку ИПАРД програмата.

-Лидерското место го потврдивме со тоа што први сме во регионот кој ја започнавме реализацијата на новата ИПАРД 3 програма. На 1 септември го распишавме првиот јавен повик од новата ИПАРД 3 програма, кој се однесува за мерките 1 и 7 и на располагање ги ставивме првите 30 милиони евра, од вкупноте 97 милиони евра кои ги имаме на располагање за инвестиции со новата ИПАРД 3 програма. Овој јавен повик е отворен до 15 октомври, со можност за продолжување до 1 ноември 2023 година, додаде Николовски.

Информираше дека инвестиции во модернизација на земјоделството преку набавка на опрема, подигнување на насади и инвестиции во развојот на руралниот туризам се само дел од можностите кои се нудат со мерките од првиот јавен повик од ИПАРД 3.

-Новата ИПАРД 3 програма овозможува авансна исплата до 50проценти од висината на финансиската поддршка, веднаш по потпишување на договорот. Обезбедувањето на потребната документација, ќе се врши преку електронски систем, намалувајќи ги трошоците на апликантите и забрзувајќи го процесот на аплицирање, посочи министерот Николовски.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:70 процентиземјоделциипард 3кофинансирање
Претходен напис Во Софија се отвора Музеј на ракијата
Следен напис Николовски: Просечната откупна цена на млекото е 30- 32 денари,  трговците наметнуваат цени на грбот на граѓаните
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?