Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со ИПАРД 3 можност за аплицирање и на ОПШТИНИТЕ за изградба на локална патна инфраструктура, системи за водоснабдување, канализациони системи и слично
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Со ИПАРД 3 можност за аплицирање и на ОПШТИНИТЕ за изградба на локална патна инфраструктура, системи за водоснабдување, канализациони системи и слично
АгровестиРурален РазвојФондови

Со ИПАРД 3 можност за аплицирање и на ОПШТИНИТЕ за изградба на локална патна инфраструктура, системи за водоснабдување, канализациони системи и слично

Објавено 12/03/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image


-Европската комисија, ја усвои новата ИПАРД 3 програма за Северна Македонија. Ова е нова Програма, со нови мерки кои значат нови инвестиции за модернизација на македонското земјоделство. ЕК ја препознава нашата посветеност за успешна искористеност на мерките од претходната ИПАРД програма. Буџетот за оваа ИПАРД 3 се очекува да биде за 60 отсто поголем од ИПАРД 2 – изјави на прес конференција министерот за земјоделство, Љупчо Николовски и објасни во кои сектори ќе бидат искористени овие средства.

-И со ИПАРД 3 Програмата ќе продолжат мерките за инвестиции во примарното земјоделско производство (мерка 1), преработка на земјоделски производи (мерка 3) и развој на различни деловни активности (мерка 7) во рурални средини како инвестиции за производство на прехранбени производи, текстил, преработка на дрво, дестилари, изградба на хотели, градинки, домови за стари лица и друго. За оваа намена, веќе во првиот повик од ИПАРД 3, обезбедени се над 35 милиони евра за потенцијалните корисници на ИПАРД 3, кој очекувам да се објави во последниот квартал од годинава:

1.„Инвестиции во рурална јавна инфраструктура“ – мерка која беше дел од ИПАРД 2 но не беше акредитирана и која ќе биде од голема помош за локалната самоуправа. Конкретно, преку оваа мерка општините ќе можат да користат финансиска поддршка за изградба на инфраструктурни објекти, изградба на локална патна инфраструктура, системи за водоснабдување, канализациони системи и слично. Ова е особено важно за подобрување на животот во руралните средини но и генерално за руралниот развој.  

Со мерката „Агро-екологија-клима и органско производство“, се озвозможуваат инвестици во агро-еколошки мерки како што е затревување на овошни насади и ротација на култури во градинарството и финансирање на органското земјоделско производството, односно конверзијата од конвенционално во органско производство. Со оваа мерка ќе се стимулира еколошкото земјоделско производство, во согласност со тековните насоки и трендови во ЕУ.

Во новата ИПАРД 3 има мерка и за Локалните акциски групи. Со мерката „Спроведување на стратегии за локален економски развој – ЛИДЕР пристап“ ќе се финансира работата на Локалните Акциски Групи (ЛАГ-ови) кои постојат во земјата, како и проекти од помал обем на ЛАГ-овите кои се дел од нивните стратегии за локален економски развој. Поддршката за функционирање на ЛАГ-вите е важна од аспект за развој на руралните средини.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:водоводИпардканализациилипковомеркимзшв
Претходен напис Фантастични 250 милиони евра за следни седум години преку ИПАРД
Следен напис Усвоена е ИПАРД 3 програмата (2021 – 2027) – Достапни ќе бидат седум мерки, секој може да се пронајде за инвестирање во бизнисот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?