Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со грант од 760.000 евра ќе се подготвува техничка студија за пловечки фотоволтаични постројки во акумулациите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Со грант од 760.000 евра ќе се подготвува техничка студија за пловечки фотоволтаични постројки во акумулациите
Агровести

Со грант од 760.000 евра ќе се подготвува техничка студија за пловечки фотоволтаични постројки во акумулациите

Објавено 09/01/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Како предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Владата на денешната владина седница ја прифатила Информацијата за обезбедени грант средства за подготовка на техничка студија за интеграција на пловечки фотоволтаични постројки во Националната мрежа за наводнување.

– Станува збор за грант средства во рамки на Европскиот план за закрепнување, трансформација и отпорност, поддржани од Министерството за индустрија, трговија и туризам на Шпанија, во вредност од 765.158,00 евра, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Реализацијата на активностите предвидени со грант средства, се посочува во соопштението, е поделена во неколку фаза. Првата фаза предвидува идентификување на локации за поставување на пловечки фотоволтаични постројки. Потоа, втората фаза опфаќа развој на концептен дизајн и физибилити студија, а третата фаза предвидува подготовка на предлог проекти за поставување на пловечки фотоволтаични постројки.

– Употребата на ваквата технологија Пловечки фотоволтаици се користи во неколку земји од Европа, како на пример Шпанија и Белгија, а изведените пловечки соларни постројки се главно искористени во  Секторот за наводнување и управувани од соодветните организации за наводнување, што му овозможува на земјоделскиот сектор да биде независен и поодржлив, се вели во соопштението.

Преку овој проект, посочуваат од МЗШВ, дополнително вложуваме во развој и модернизација на системот за наводнување на земјоделското земјиште, директно помагајќи го производството на секој еден земјоделец. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:760.000 евраакумулациитегрантпловечкитехничка студијафотоволтаични постројки
Претходен напис Поевтинува дизелот и ЕУРОСУПЕР БС-98
Следен напис Утрото студено, преку ден сончево со мала облачност
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?