Во производната практика силно се чувствуваат промени на одредени климатски елементи. Промените на климатските фактори придонесуваат кон влошување на условите за производство на голем број наши традиционални овошни култури. Честопати појавата на краткотраен град, екстремно ниски температури, доцни пролетни мразеви, топлотен бран или силен ветер, може да бидат доволни да го компромитираат или уништат целокупниот род во насадите од било која овошна култура. Поради големата зависност од еколошките услови, овоштарството спаѓа во групата на најранливи категории кон климатските промени.
Токму затоа и програмите кои се за поддршка на земјоделците особено внимание посветуваат на можноста земјоделските производители да инвестираат во модерни системи за заштита од град, пролетни мразеви и други системи за заштита од неповолните временски услови предизвикани од климатските промени.

Од овој аспект гледано во наредниот период овоштарите повеќе треба да обрнат внимание на инсталирање на системи за заштита од мразеви, особено антифрост системите со микродождување, кои масовно се користат во развиените овоштарски земји. Може да се размислува и за набавка на опрема за најразлични начини на загревање на насадите во периодот на појавата на ризичните ниски температури.

Во очекување на новиот повик за Мерка 1 Ве информираме за условите и начинот на аплицирање за набавка на нова технологија за заштита од град, мраз и други временски непогоди.
Еве што можете да набавите преку ИПАРД со грант до 750 000 евра.
1. Набавка на нова земјоделска опрема за растително производство:
– опрема за контрола и заштита
– Опрема за мерење на внатрешна и надворешна температура, влажност на почва и воздух, опрема за анализа на почва и стерилизација.
Заштитни мрежи и покривки, опрема за заштита од птици, опрема за заштита од гром и опрема за заштита од измрзнување, како и противградобијна опрема.
2. Набавка на опрема за производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка (за загревање) преку:
– Преработка на растителна биомаса за производство на биогас и/или биогорива,
– Сончева енергија,
– Ветерници, – Геотермална енергија итн.
3. Работи и услуги
– Подговотка на теренот,
– Градежни работи,
– Инсталациски работи,
– Транспорт и монтажа,

Мерка 1: ИНВЕСТИЦИИ ВО ОСНОВНИ СРЕДСТВА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ СТОПАНСТВА
КОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ КОРИСНИК
1. Земјоделско стопанство регистрирано во Единствениот Регистар на Земјоделски Стопанства (ЕРЗС) при МЗШВ:
- Физичко лице (носител на семејно земјоделско стопанство),
- Семејното земјоделско стопанство,
- Индивидуален земјоделец – ИЗ,
- Земјоделско стопанство преставувано од правно лице.
2. Задруга која е регистрирана во ЦР и која примарно се занимава со земјоделска дејност преработка на земјоделски производи и/или услуги кои се директно поврзани со земјоделските активности.
3. Здружени правни лица (за колективни инвестиции):
- Групи на производители и организации на производители регистрирани во Регистарот на групи на производители и/или Регистар на организации на производители што го води МЗШВ,
- Трговско друштво во приватна сопственост со примарна дејност земјоделство запишано во ЕРЗС,
- Трговско друштво во приватна сопственост со примарна дејност земјоделство или земјоделска преработка основана од здружение на земјоделски производители.
Минималниот број на земјоделски производители ангажирани под некој од горенаведените субјекти е најмалку 10.
МИНИМАЛНИ ПРОИЗВОДНИ КАПАЦИТЕТИ СО КОИ ТРЕБА ДА РАСПОЛАГА БАРАТЕЛОТ НА ПОДДРШКАТА
Растително производство
- најмалку 0,02 хектари земјоделско земјиште во случај на инвестиции поврзани со безпочвено одгледување и други иновативни системи за производство;
- најмалку 0,3 ха земјоделско земјиште во случај на инвестиции поврзани со оранжерии;
- најмалку 1 ха земјоделско земјиште во случај на инвестиции за одгледување на повеќегодишни растенија (култури), производство на зеленчук на отворено, полјоделство, индустриски култури и производство на сточна храна.
- најмалку 2 ха во случај на инвестиции во ТРАКТОРИ и земјоделска механизација.
Корисниците со помалку земјоделско земјиште од минималните прагови споменати погоре со намера да започнат растително производство, исто така, имаат право да аплицираат и да ја искористат поддршката доколку минималниот праг (наведен погоре) во зависност од видот на растителното производство се достигне на крајот на инвестицијата и е регистриран во Единствениот регистер на земјоделски стопанства (ЕРЗС).
ВИСИНА НА ПОДДРШКАТА
- Минималниот вкупен прифатлив трошок за инвестицискиот проект изнесува 20.000 евра.
- Максималната вкупна финансиска поддршка што треба да се додели на поединечен проект според оваа мерка е 60% или не повеќе од 750,000 евра. Висината на финансиската поддршка ќе се зголеми до:
- 70% за инвестиции во земјоделски стопанства реализираани од страна на млади земјоделци;
- 65% за инвестиции во земјоделски стопанства во планинските области (Прилог 1 – Листа на планински подрачја).
- Максималната вкупна финансиска поддршка што треба да се додели на еден примател според оваа мерка е 1.500.000 евра за целиот период на спроведување на Програмата.
- Максималната финансиска поддршка што треба да се додели на новоформирани правни изнесува 100,000 евра.
Прилог 2 – ДЕТАЛНА ЛИСТА НА ПРИФАТЛИВИ ТРОШОЦИ
Трактори, мотокултиватори, фрези, плугови, ротофрези, ротобрани, дискови брани, редосеалки, ѓубрерастурачи за минерални ѓубрива, депозитори за семе и ѓубриво, култиватори, расадосадачки, опрема за рамнење, дупчалки за садење, кримлери/ сетвоспремачи. Ѓубрерастурачи за арско ѓубре, прскалки, атомизери, опрема за систем за наводнување (капка по капка, подземно наводнување, микропрскалки, наводнување со оросување или комбинација од нив (пумпи за вода, базени, танкови, резервоари, филтри, опрема за дистрибуција на вода, опрема за ферт-иригација, опрема за автоматско дозирање на вода за наводнување), кроење, чистачи на плевел. Косилки, сенопревртувачи, сенобалирачка, косачки за фураж, собирач на пченка, копач, компировадачка, берачи за морков, домат, шеќерна репка, грозје и овошје, косачка за сено, машини за грубо рамнење/чистење на почва, сортирачкa…
За повеќе информации и изготвување на апликации испратете e-mail на [email protected] или јавете се на телефонскиот број: 070 267 789.