Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со 40 милиони евра ќе се вработат 16.000 лица, Владата со оперативен план за невработеноста да падне на 9%
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Со 40 милиони евра ќе се вработат 16.000 лица, Владата со оперативен план за невработеноста да падне на 9%
Агровести

Со 40 милиони евра ќе се вработат 16.000 лица, Владата со оперативен план за невработеноста да падне на 9%

Објавено 30/05/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со 40 милиони евра годинава ќе се вработат над 16.000 граѓани – најмногу млади до 29 години. Владата го донесе оперативниот план за вработување. Премиерот очекува невработеноста да падне на 9 проценти.

„Со овој план се опфаќаат две главни точки. Првата е директна поддршка за стартап бизниси за млади, што и беше мое ветување за младите. Втората работа е организиран пристап во сузбивањето во појавата на пожари, особено присутен проблем во летниот период за што ќе се вработат 400 пожарникари кои ќе се стават на располагање на општините, каде ќе има потреба се разбира, како и дополнително вработување на 600 невработени лица кои ќе бидат ангажирани за јавни работи и општински проекти“, рече премиерот Христијан Мицкоски

Планот годинава тежи 7,5 милиони евра повеќе од лани. Министерот за економија Дурмиши потенцираше дека кај сите мерки основен предуслов е невработените да бидат евидентирани во Центрите за вработување како активни баратели на работа.

„Новина од оваа година е мерката за самовработување на млади невработени лица до 29 години. При што висината на финансиската поддршка изнесува 10.000 евра неповратни средства за отворање на бизнис“, изјави Дурмиши.

„Новина е исто така и подмерката за поддршка за самовработување со здружување на корисници до две лица да основаат бизнис. Со што висината на финансиска поддршка изнесува од 14.000 евра до 20.000 евра“.

Директорот на Агенцијата ги повика невработените и работодавачите да аплицираа за мерките.

„Првите јавни огласи ќе бидат објавени во најскоро време, а останатите ќе се објавуваат етапно по однапред дефиниран распоред и план“, изјави Сељатин Бељули, директор на АВРСМ.

Планот предвидува и поддршка за млади за практиканство, младински додаток 50 евра за млади до 23 години кои ќе работат во производство. А продолжува и мерката за поддршка на работодавачите, при вработување на млади невработени до 29 години да добијат до 250.000 денари од лице.

Извор – 21ТВ

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:владавработувањелицамлади
Претходен напис АгрИТ СОЛУШН: Иновативни решенија за потребите во земјоделството, шумарстството, катастарските услуги…
Следен напис 7 МОЌНИ ДРВА ГИ ЗАШТИТУВААТ КУЌАТА И СЕМЕЈСТВОТО: Кое дрво што поскоро да се засади во дворот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?