Снегот и ниските температури направија големи штети врз овоштарниците во Преспа. Од здружението на овоштари од Ресен велат допрва следуваат тешки два дена со многу ниски температури кои ќе го преполоват родот особено на јаболкото, а намален пласман значи и повисоки продажни цени.

Целото земјоделие е засегнато од овие временски неприлики и во Охрид каде снегот направи снежна покривка од 10 цм.
Инаку со ваква слична ситуација овоштарите од Преспа се соочија пред неколку години кога овошките беа погодени од пролетен мраз во 2017 година и претрпеа оштетување поголемо од 90 отсто, а последици врз насадите предизвика и невремето со град кое го зафати регионот во 2019 година.
