Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Снегот и ниската температура 90 насто ќе ги оштетат јаболката во Преспа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Снегот и ниската температура 90 насто ќе ги оштетат јаболката во Преспа
Агровести

Снегот и ниската температура 90 насто ќе ги оштетат јаболката во Преспа

Објавено 07/04/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Снегот што синоќа падна во Преспа и ниската утринска температура на воздухот целосно ќе ги оштетат и уништат овоштарниците во Преспа.

Според Горан Стефановски, раководител на работна единица Ресен што е во состав на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделство, над 3000 хектари со јаболкови насади целосно ќе бидат уништени во овој неочекуван студен бран што ја зафати и Преспа.

-Снегот што падна во текот на вчерашниот ден и ноќеса, како и утринските температури на воздухот кои деновиве ќе бидат под нулата ќе ги оштетат и уништат овоштарниците во цела Преспа. Според првичните проценки јаболката ќе бидат 90 насто уништетни, а некаде и целосно, односно 100 насто. Проценките ќе ги вршиме откако ќе заврши овој студен бран кој за жал веќе предизвика катастрофа во Преспа, изјави за МИА, Стефановски.

Во Преспа под јаболкови насади се над 3000 хектари, а од нив најмногу е застапена јаболковата сорта ајдарет но и други преспански јаболка.

-Годинешниот род од ајдарет кој е застапен со околу 60 насто од вкупните јаболкови површини, потоа сортите муцо, златен делишес, црвен делишес, фуџи, чадел и останатите сорти јаболка со овој студен бран целосно ќе биде уништени, а со тоа и јаболковиот род во Преспа, нагласи Стефановски, раководител на Р.Е. Ресен при АПРЗ-Битола.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:мразпролетенштета
Претходен напис Времеро утре: Утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Следен напис Од 1988 година земјоделците не паметат снег во април – штети ќе има најмногу кај овошните култури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?