Слаб снег провејува на Попова Шапка и на планинскиот превој Стража и Маврово, а намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, информираат од Авто – мото сојузот на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ со препорака до возачите за прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
МИА