Договорно производство, решен пласман, едукација на земјоделците и земјоделско осигурување, од исполнувањето на овие услови треба да тргне организираното и сериозно земјоделско производство.

На трибините за договорното производство на пченка и сончоглед. кои се организираат од страна на Агротим, активно учество земаат и брокерите од СН Oсигурителен брокер. Нивната улога личи на едукација, на докажување со земјоделците колку е важно осигурувањето за нивното производство, за нивниот бизнис и за нив лично.

Александра Петровска од СН Осигурителен брокер, на земјоделците им ја потенцираше важноста од осигурувањето на посевите со пченка. Петровска е раководител на сите експозитури низ цела држава и виш соработник во тимот кој работи за сектор земјоделство. Таа ги увери присутните дека сигурен земјоделец е само осигуран земјоделец.
-60% од полисата е покрена од државата, вие плаќате само 40%. Направив еден пример. Доколку имате 10 тони принос пченка по хектар, цената да биде 11 денари по килограм. Сумата за осигурување е 110.000 денари. Вкупната премија за исплата е 8250 денари. Премијата која вие треба да ја платите е само 3300 денари додека субвенцијата од државата изнесува 4950 денари, рече Петровска.

Нивната мисија меѓу другото е и враќaње на довербата на земјоделците кон осигурувањето како дел од вкупното производство. Во тоа се на иста линија со државата, со МЗШВ каде што се настојува да се изнајде модел кој ќе значи сигурност на земјоделците, а при тоа државата да не мора да издвојува и над 5 милиони евра годишно за штети предизвикани од временски и други непогоди. Имено, тие пари може да се насочат за други мерки, пример за Млад земјоделец или механизација, нешто што имаат потреба земјоделците.

Осигурителното брокерско друштво СН осигурителен боркер АД Битола, соработува со осигурителните компании кај нас, во зависност од потребите и желбите на клиенот.

Побарајте ги брокерите за подетални информации околу осигурувањето на добитокот.
1. Благојче Кулевски 078 227 654
2. Бурим Јашаровски 078 496 967
3. Александар Лозановски 076 205 323
4. Љупчо Поповски 078 282 211

КОИ ЖИВОТНИ МОЖЕ ДА ГИ ОСИГУРАТЕ преку СН осигурителен брокер:
• Копитари;
• Говеда;
• Свињи;
• Ситна стока (овци и кози);
• Пердувести животни;
• Мали месојади животни (мачки и кучиња);
• Пчели;
• Риби;
• Егзотични животни.
За склучување на осигурување потребно е:
Животните да бидат здрави и сопственикот да ги осигури сите животни од ист вид со иста намена за одгледување.
ОД КОИ ОПАСНОСТИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ОСИГУРАТЕ ЖИВОТНИТЕ
• Смрт од болест
• Смрт од несреќен случај
Со цел земјоделците да имаат појасна слика за земјоделското осигурување ќе земеме еден пример за осигурувањето на говедата. Осигурителните компании вршат обештетување на говедата доколку сточарите заради одредена причина треба да извршат присилно колење на говедото, а исто така вршат обештетување во случај на смрт на говедото.
-На пример за секоја крава од типот Фризиско говедо, сточарите би требало да платат 12.000 денари за една крава. Ако се земе во предвид дека 60% од оваа сума субвенционира државата тогаш на сточарите им останува да платат само 4.800 денари.
Во случај на смрт од болест на говедото,осигурителните компании во РСМ на сточарите им исплаќаат од 40.000 до 45.000 денари, а во случај на принудно колење сумата што сточарите би ја добиле би била од 60.000 до 64.000 денари.
Искуствата од Европските земји покажуваат дека трендот на земјоделско осигурување оди во нагорна линија, а се поголем замав зема и кај нас .
