Словенија издала известување дека пронашла сорбинска киселина во суво овошје од Србија, објавено е на веб-страницата на Европскиот систем за брзо предупредување и известување за храна (RASFF).
Како што е наведено, станува збор за серија суви сливи без семки произведени во Србија.
RASFF проценува дека здравствениот ризик по консумирањето на овој производ „не е опасен“, а предметните сливи се повлечени од пазарот.
Што е сорбинска киселина?
Сорбинската киселина, позната и како E200, е природен конзерванс што се користи во прехранбената индустрија за да се направи храната да трае подолго и да биде поотпорна на растот на мувла, квасци и бактерии.
Најчесто се додава во сушено овошје, сирења, пекарски производи, џемови и сокови. Во дозволени количини се смета за безбедна за употреба и е одобрена од регулаторите за храна во ЕУ и низ целиот свет.
Иако ретко, прекумерната консумација на сорбинска киселина може да предизвика лошо варење, алергиски реакции или непријатен вкус или мирис во храната, пишув српски Данас.
