Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Словенечки пожарникари и специјализирана опрема пристигнуваат во Берово, стадионот „Димитар Беровски“ привремено ќе биде затворен
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Словенечки пожарникари и специјализирана опрема пристигнуваат во Берово, стадионот „Димитар Беровски“ привремено ќе биде затворен
Агровести

Словенечки пожарникари и специјализирана опрема пристигнуваат во Берово, стадионот „Димитар Беровски“ привремено ќе биде затворен

Објавено 29/07/2025
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Специјалните противпожарни возила и опремата, кои денеска заедно со 50 професионални пожарникари од Словенија ќе пристигнат во Берово, ќе бидат распоредени на стадионот „Димитар Беровски“ како логистички центар со сите расположливи ресурси. Поради тоа, стадионот ќе биде привремено затворен за јавноста, информираа од Општина Берово.

Претходно  директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов информираше дека словенечките екипи ќе тргнат денеска околу пладне, а нивното пристигнување се очекува во вечерните часови. 

Тие ќе бидат дел од координираните напори за гаснење на пожарот на Готен, кој и понатаму е активен и тешко достапен.

Ова не е првпат Словенија да испрати поддршка. Во 2021 година, словенечките и австриските пожарникари активно учествуваа во гаснењето на пожарите во Малешевијата, покажувајќи континуирана солидарност и партнерство со Македонија. Во пожарите во 2021 година во Берово загина словенечкиот пожарникар Жан Кофол, поради што Општина Берово именуваше улица во негова чест.

Покрај Словенија, подготвеност за поддршка изрази и Франција, која понуди дополнителна помош за справување со шумските пожари што ги зафатија делови од источна Македонија. 

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:БеровоДимитар БеровскизатворенСловенечки пожарникари
Претходен напис Активни седум пожари, три под контрола, пристигнува помош од Чешка и Словенија
Следен напис Топчиња од лимон и бело чоколадо
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?