– Словенечката министерка за земјоделство Александра Пивец се повлече од таа позиција денеска по само неколку дена откако се повлече од позицијата лидер на коалициската Партија на пензионери.
Пивец се повлече од позицијата министер за земјоделство неколку часа пред Парламентот да гласа за нејзино разрешување, јави СТА. Обраќајќи им се на пратениците, Пивец рече дека таа била цел на кампања без преседан.
– Во историјата на независна Словенија тешко дека имало случај кога еден политичар е симнат од власт на таков оркестриран и понижувачки начин, рече таа, нагласувајќи дека сепак ова не е крај на нејзината политичка кариера, туку „само предизвик за нов почеток“.
Најавувајќи ја својата неотповиклива оставка, Пивец рече дека не сака да ја судат политичари кои не прифаќаат лица кои работат за доброто на народот.
