Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Словенечка поддршка за македонските земјоделци – подобро справување со климатските промени преку современи, одржливи практики
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Словенечка поддршка за македонските земјоделци – подобро справување со климатските промени преку современи, одржливи практики
Агровести

Словенечка поддршка за македонските земјоделци – подобро справување со климатските промени преку современи, одржливи практики

Објавено 24/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поддршка за најмалку 50 земјоделци и нивните семејства, oбука на 40 земјоделци за климатски паметни практики, формирање четири демонстративни парцели на кои ќе се тестираат и прикажуваат практики за ефикасно користење вода, подобрување на почвата и климатски отпорно земјоделство, микро-грантови за 12 земјоделски иницијативи, финансиска поддршка за почнување четири бизниси управувани од жени и формирање земјоделска задруга со најмалку 40 отсто жени, предвидува проектот „AgriSHIFT – одржливо земјоделство“ што почна во јануари 2026, а ќе трае до септември 2028 година.

Со активностите се опфатени три речни сливови: Вардар, Струмица и Црн Дрим, во општините Гевгелија, Богданци, Валандово, Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, 
Струга, Вевчани и Дебар.

Целта е поддршка на земјоделците во справувањето со последиците од климатските промени преку современи и одржливи практики.

Проектот е финансиран во рамки на програмата за меѓународна развојна соработка на Република Словенија, со дополнително кофинансирање од локалниот партнер и други 
придонеси од вклучените организации. Го води Форумот за праведен развој (FER) од Словенија, а во земјава го спроведува Милиеуконтакт Македонија (MKM).

-Иницијативата доаѓа во време кога земјоделството се соочува со зголемени суши, нерамномерна распределба на водните ресурси и ограничен пристап до современи технологии. Особено погодени се жените и младите во руралните средини. Проектот предвидува директна поддршка за земјоделците преку обуки, менторство и финансиска помош, со цел зголемување на продуктивноста и отпорноста на фармите. Вклучува и активности за унапредување на родовата еднаквост, со посебен фокус на економско зајакнување на жените во земјоделството. „AgriSHIFT“ има за цел да поттикне премин кон одржливо и климатски отпорно земјоделство преку подобро управување со природните ресурси, трансфер на знаење и развој на нови економски можности за руралното населени, велат од MKM.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:климатските променимакедонските земјоделциодржливи практикиСловенечка поддршка
Претходен напис Вонредни мерки за помош на хрватските земјоделци: 20 милиони евра за пролетна сеидба, еднократна поддршка по хектар
Следен напис Божиновска: Цените на горивата остануваат стабилни – обезбеден дополнителен попуст за дизелот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?