Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Славески: Инфлацијата е стабилна, декемврискиот раст е резултат на авионскиот превоз
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Славески: Инфлацијата е стабилна, декемврискиот раст е резултат на авионскиот превоз
Агровести

Славески: Инфлацијата е стабилна, декемврискиот раст е резултат на авионскиот превоз

Објавено 12/01/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Податоците за инфлацијата во декември 2025 година укажуваат на стабилност на домашните ценовни притисоци, а регистрираниот месечен раст е статистички изобличен од цените на авионскиот превоз, оцени гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во објава на социјалната мрежа Х („Твитер“).

Месечната инфлација во декември 2025 година, во споредба со ноември, изнесува 0,4 проценти, при што растот се должи исклучиво на категоријата Транспорт, каде што цените во истиот период пораснале за 5,8 проценти.

Славески посочува дека ваквото движење е невообичаено со оглед на стабилните цени на горивата и непроменетите цени во јавниот превоз. Според структурата на индексот, клучен фактор за растот е енормното зголемување на цените на авионскиот превоз, кои во декември минатата година пораснале дури 42 процента. Доколку од пресметката на индексот на цени за декември 2025 година се изостави транспортот, односно авионскиот превоз како целосно странска компонента, месечната инфлација во однос на претходниот месец би изнесувала точно 0,0 проценти, наведува гувернерот.

Ова, посочува Славески, е јасен сигнал дека инфлацијата е стабилна и дека постојат добри основи 2025 година да ја завршиме со стапка на инфлација под 3 проценти. 

Државниот завод за статистика на 8 овој месец објави дека инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во декември 2025 година во однос на ноември 2025 изнесуваше 0,4 проценти, 

Индексот на трошоците на живот во 2025 година во однос на 2024 бележи пораст од 4,1 проценти, а индексот на цените на мало од 3,6  проценти. Движењето на индексот на трошоците на живот во 2025 година се разликува кај одделни групи на потрошувачката. Пораст на индексите е забележан во сите групи: Ресторани и хотели за 7,2 проценти, Рекреација и култура за 6,4 проценти, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 5,9 проценти, Храна и безалкохолни пијалаци за 5,2 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 4,6 проценти, Разновидни стоки и услуги за 3,7 проценти, Облека и обувки, Здравје за 3,1 проценти, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 1,8 процент, Комуникации за 1,3 процент, Транспорт за 0,8 проценти и Образование за 0,1 проценти.

ДЗС појасни дека зголемувањето на инфлацијата во декември 2025 година во однос на ноември 2025 година е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: Транспорт за 5,8  проценти, Рекреација и култура за 0,8 проценти, Здравје за 0,7 проценти, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти, Ресторани и хотели за 0,4 проценти, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти, Разновидни стоки и услуги, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,1 проценти. 
 
Во декември 2025 година во однос на ноември 2025 година намалување на трошоците на животот има во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 0,4 проценти и Облека и обувки за 0,2 проценти, а во Образование и во Комуникации останале на исто ниво како и во претходниот месец.

МИА

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:Славескистабилна
Претходен напис Најстудено на Попова Шапка -16, во Маврово -14, во Крушево -13 степени
Следен напис Информација од ЦУК за состојбата по обилните врнежи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?