Освен веќе испробаните слатка од сливи, цреши, дуња можете да си направите слатко и од мандарини, чија сезона започнува сега.
Освен што има божествен вкус и арома, слаткото и лесно се прави.
Состојки:
6 кг излупени мандарини
1 шолја шеќер
10 шолји вода
Подготовка:
Излупете ги мандарините и отстранете што е можно повеќе од белите влакна. Поделете ги мандарините на парчиња или оставете ги цели ако сакате (не заборавајте да го извлечете белиот дел од средината). Цврсто наредете ги во тегли за конзервирање. Во тенџере загрејте ги водата и шеќерот и промешајте да се растопи шеќерот. Мандарините полејте ги со зовриениот шеќерен сируп. Добро затворете ги теглите. Варете ги теглите во врела вода околу 10 минутиза да се пастеризираат мандарините.
