Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: СКСМ: Азески ја поддржа намерата на Владата за одговорност за трагедијата во Кочани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > СКСМ: Азески ја поддржа намерата на Владата за одговорност за трагедијата во Кочани
Агровести

СКСМ: Азески ја поддржа намерата на Владата за одговорност за трагедијата во Кочани

Објавено 17/03/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и членките на Комората изразуваат длабока жалост и сочувство кон сите настрадани и повредени лица и членовите на нивните семејства во трагедијата во Кочани, потенцирајќи дека Владата на премиерот Христијан Мицкоски одговорноста мора да ја издигне на највисок пиедестал. 

– Бротчето во Охрид, автобусот кај Ласкарци, авионите во Охрид и Скопје, модуларната болница во Тетово и последниот случај во Кочани со дискотеката „Пулс“, ја потврдија тезата дека не успеавме да изградиме држава која структурално ќе функционира во интерес на граѓаните, туку живееме во држава која 34 години после својата независност сеуште работи во корист на нивната штета. Да не зборувам за приватниот бизнис – сектор затоа што моите ставови ви се познати. Овде е потребен само еден збор – одговорност, којашто Владата на премиерот Мицкоски мора да ја издигне на највисок пиедестал. Тоа значи санкции за сите, попуст за никого, се посочува во писмената изјава на Азески.

СКСМ и членките – најреномираните македонски компании изразуваат длабока жалост и сочувство кон сите настрадани и повредени лица и членовите на нивните семејства. СКСМ од денеска ќе ги организира своите членки кои изразија желба организирано, преку Комората да помогнат на семејствата на настраданите и тоа ќе биде координирано преку Стручната служба на Комората (Билјана Лепавцова 071 291-736). 

Како прва интервентна помош, вработените во Стопанската комора на Северна Македонија во текот на утрешниот ден ќе донираат 2 милиони денари на сметката на локалната самоуправа во Кочани. Другата синхронизирана поддршка од компаниите ќе биде итно доставена.

-Иако е невообичаено во вакви прилики да се додаваат и други работи, би сакал да изразам сочувство и до сопствениците и менаџерите на компаниите од тој регион чии вработени доживеаа загуба која е ненадоместлива. Знам дека нема зборови за утеха, но човечки е да се изрази сочувство и да се помогне во вакви моменти, бидејќи Kомората со своите членки е едно семејство, посочува Азески, соопшти ССКМ.

До Комората пристигнале и писма за сочувство од партнерските комори кои изразиле подготвеност да помогнат за се што е потребно. 

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:Азескикоморакочани
Претходен напис Млекото поскапе во 24 земји од Европската унија
Следен напис Облачно, студено и ветровито
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?