Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица
Агровести

Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица

Објавено 10/01/2025
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Скопје по неколку дена поминати меѓу 10-те најзагадени градови во светот, утрово бележи пад на листата. Според табелата на платформата за мерење на аерозагадувањето „Ај кју аир“, во 9 :15 часот главниот град се наоѓа на 57. место во светот.

Вредноста на нивото на штетни ПМ честички изнесува 63 единици во Скопје и е во категоријата означена со жолто поле како умерено ниво на загаденост.

Најзагадени градови на глобално ниво се Делхи во Индија, Каиро во Египет и Мумбаи исто во Индија. Во Европа, денеска Букурешт има најзагаден воздух и е на 16. место со вредност од 134 единици, далеку пред Милано во Италија кое е на 39. место (81) и Киев на 41 место.

Во државата, намалени се вредностите на аерозагадување и во Струмица. Согласно податоците од ДАМСКВ синоќа среднодневните концентрации на РМ10 се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни денови со надминување на прагот на алармирање за РМ10 е прекината во Струмица.

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) деновиве ги повика сите надлежни нституции, општините и Градот Скопје поинтензивно да ги извршуваат своите обврски согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025“, како што наведува „во услови на зголемени концентрации на суспендирани честички  со големина до 10 микрометри и 2,5 микрометри на метар кубен и неповолни временски услови што дополнително придонесуваат за зголемување на загадувањето на амбиенталниот воздух“.

Министерството потсетува дека Владата го усвоила Акцискиот план пред почетокот на грејната сезона на предлог на МЖСПП и оти во него се проектирани краткорочни превентивни мерки што ќе овозможат редукција на емисиите од детектираните сектори „што имаат најголем придонес во зголемувањето на емисиите на цврсти честички, а со тоа и високите концентрации, што ги надминуваат пропишаните стандарди“.  Согласно Акцискиот план, МЖСПП  потсетува дека општинските инспекциски служби треба да ги засилат вонредните инспекциски надзори на терен за контрола на Б-Интегрирани еколошки дозволи и елаборати и позасилена контрола, казнувања и опомени за горење масло, пластика и други опасни материи особено во мали сервиси и погони.

-Општините и Градот Скопје со општините, согласно член 27 од Законот за амбиентален воздух и согласано „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025“, имаат обврска да подготват и усвојат краткорочни акциски планови што ќе соодветствуаат на спецификите на секоја општина/град одделно и според кои ќе постапуваат во услови на надминат праг на алармирање. Јавните претпријатија за комунална хигиена на Општините и Градот Скопје за редовно чистење на атмосферските и миење на улици и тротоари. Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и надлежните општински инспектори за урбанизам и градежништво  да спроведат засилени вонредни контроли на градилиштата, соопшти МЖСПП.

Во однос на активностите за справување со аерозагадувањето во Скопје, според  Јане Димески, екоактивист и советник од „Шанса за Центар“ во Општина Центар, институциите си ја префрлаат одговорноста, а недостига и комуникација меѓу државата, општините и граѓаните. 

-Недостасува комуникација меѓу државата, општините и граѓаните. Нас особено нè иритираше периодов префрлањето одговорност. Секој во оваа приказна има што да сработи. Кога видовме колку општините во Скопје имаат сопствени објекти коишто им се на нафта, а потоа кога ќе ги прашаат што правите за загадувањето, велат – тоа градот, а градот вели – министерството. А, всушност, секој има што да прави. Jа туркаме трета година активноста за попис на домаќинствата на што се греат во општина Центар. Тој попис трета година ни стои во програмата за животна средина, а општината не сака да даде пари да се спроведе тој попис, рече меѓу другото Димески во емисијата „Вин-Вин“ на ТВ Телма. 

Даме Димитровски, советник на премиерот за животна средина и клима, кажа дека се потребни десет години работа, проекти и инвестиции и дека сега ќе имало исчекори во битката со аерозагадувањето ако таа почнела  пред една деценија.

-И претходните влади зборувале, но потребно е 10 години работење, проекти, вложување, инвестиции и жртва на други места за да може да ја работиме оваа зелена агенда или да работиме на квалитетот на воздухот. Не е дека сме специфичен случај во светот. Лондон својата битка ја води 100 години и се гордее што ја води толку долго, Пекинг пред 10 години ја започна својата битка и го намали загадувањето за 35 проценти, притоа вложи огромни средства, ги вклучи сите системи во државата, да не зборувам за Лос Анџелес, за Мексико Сити, за Њу Делхи. Јас сум сигурен дека ако пред 10 години сме ја започнале оваа битка, сега ќе се наоѓавме на трети или четврти чекор од оваа битка. Сега сме на почеток, но се надевам дека ќе видиме сега посветеност и работа и во иднина ќе видиме резултати, рече Димитровски.

Од почетокот на годинава Скопје е меѓу најзагадените градови во светот, а еден ден се најде и на прво место според аерозагаденоста.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:аерозагаденостСкопјеСтрумицаумерено ниво
Претходен напис Претстои студен бран и врнежи од снег, ЦУК апелира на соодветни подготовки и следење на прогнозата кога се тргнува на пат
Следен напис Коперникус: 2024 година е првата година што надминува 1,5 °C над прединдустриското ниво
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?