Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Скопје домаќин на форум за енергетската транзиција на Западен Балкан – МЕФ25
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Скопје домаќин на форум за енергетската транзиција на Западен Балкан – МЕФ25
Агровести

Скопје домаќин на форум за енергетската транзиција на Западен Балкан – МЕФ25

Објавено 16/06/2025
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Под мотото „Мапирање на енергетската иднина на Западен Балкан“ во Скопје денеска започнува осмото издание на Македонскиот енергетски форум – MEF25, регионален настан посветен на енергетската транзиција и одржливиот развој на Западен Балкан.

Форумот ќе ги обедини водечките имиња од политиката, индустријата, науката и граѓанскиот сектор, со цел да се поттикне дијалог и соработка за забрзување на енергетската трансформација во регионот.

Воведно обраќање ќе имаат Агим Селами, извршен директор на МЕФ, Михалис Рокас, амбасадор на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, Анџела Агелер, амбасадорка на САД во Северна Македонија, Миодраг Милошевиќ, заменик-директор на OSF Western Balkans, Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални ресурси и Изет Меџити, прв заменик-претседател на Владата и покровител на МЕФ25.

По отворањето следува официјален брифинг за медиумите, а потоа и воведна панел-дискусија на тема: „Декада од Парискиот договор: Напредок, предизвици и иднината на Западен Балкан“, организирана во соработка со Министерството за животна средина и Амбасадата на Франција.

На вториот ден од форумот е најавено учество и на премиерот Христијан Мицкоски, на панелот на тема  „Енергетската безбедност и транзицијата на Северна Македонија кон обновливи извори“.

Клучни цели на МЕФ25 се продлабочување на регионалната соработка во услови на геополитички промени, усогласување со целите за декарбонизација до 2050 година и обврските од COP30, поттикнување на индустриски развој и иновации и истражување на улогата на вештачката интелигенција и новите технологии во енергетиката.

Форумот што ќе се одржува во хотел „Хилтон“ ќе трае два дена, а учесниците ќе имаат можност да разменат идеи, да иницираат партнерства и да придонесат кон создавање на одржлива и безбедна енергетска иднина за регионот.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:домаќинМЕФ25Скопјефорум
Претходен напис Презентација на дигитална платформа „ONE STOP DIGITAL“ за микро, мали и средни препријатија
Следен напис Сообраќајот тековно, нема подолги задржувања на граничните премини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?