Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Синдикалната минимална кошница за јуни 60.325 денари, зголемена за 235 денари споредено со мај
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Синдикалната минимална кошница за јуни 60.325 денари, зголемена за 235 денари споредено со мај
Агровести

Синдикалната минимална кошница за јуни 60.325 денари, зголемена за 235 денари споредено со мај

Објавено 20/06/2024
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вредноста на синдикалната минимална кошница (СМК) за јуни изнесува 60.325 денари и е зголемена за 235 денари споредено со синдикалната минимална кошница за минатиот месец кога изнесуваше 60.090. Со изнајмен стан од 60 квадрати за јуни изнесува 75.700 денари.  Вредноста на СМК за јуни 2024 година  во однос на јануари годинава кога изнесуваше 57.163  денари зголемена е за 3.162  денари односно за 5,5 проценти.

За храна и пијалоци синдикалата кошница во јуни годинава изнесува 21.952 денари што е 36,4 проценти од вкупната СМК и во споредба со јануари кога изнесуваше 21.007 денари зголемена е за 945 денари.  За образование  со синдикалната кошница за јуни се предвидени 7.022  денари (11,2 проценти), за станарина, вода, електрична енергија и греење  6.014 денари (10 проценти), за облека и обувки 4.962 (8,2 проценти), транспорт 4.871 (8,1 проценти), рекреација и култура 4.378 (7,3 проценти), ресторани и хотели 3.890 денари (6,4 проценти),  лична хигиена и оддржување на хигиена 1827 денари,  здравје 1069 денари (1,8 проценти) и за останати стоки и услуги 1100 денари (1,8 проценти).

МИА

Може да ви се допадне

Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Таг:60.325 денаријуниминимална кошницаСиндикалната
Претходен напис Топ-20 листа на среќни градови во светот
Следен напис Топлиот бран продолжува, наместа можни и температури од 40 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?